From Wikipedia, the free encyclopedia
Перо Христов (р. 17 јуни 1951 во Струмица) — популарен македонски пејач на фолклорна музика.
Перо Христов | |
---|---|
Животописни податоци | |
Роден(а) | 17 јуни 1951 Струмица, СФР Југославија |
Занимања | фолк пејач |
Период на активност | 1969 - сè уште |
Мреж. место | perohristov.com |
Христов својата кариера ја почнува во 1969 година. Учествувал на многу бројни фестивали на натодна и забавна музика. Златен глас на Македонија бил во 1970 година на младинци пејачи. Второпласиран на младинскиот музички фестивал на СФРЈ во Врање во 1971 година.
Учество во десетина забавно музички фестивали во Македонија, познати под името Скопје 1972 - 1979г.
Негови познати композиции од македонската забавна музика се: Капка среќа и Ивона (1972, Глигор Копров), Твојот насмев (1974, Перо Христов), Евредика (1975, Славе Димитров), Не плачи мајко (1976, Глигор Копров, Засвири нешто од Биттлси, Интерфест Битола (1992, Петар Галица), Ти си мојот сон Интерфест Битола (1993, Киро Милев).
Учество на повеќе од 50 фестивали на новосоздадена македонска песна меѓу кои: Цветници, Фолк Фест Валандово, Тетовски филиграни, Охридски трубадури, Гоце Фест, Лешочки фолк фест, Тримери фест и други. Учествувал во 3 фестивали во дијаспората во Австралија, како Канбера и други...
Има добиено повеќе од 30 награди почнувајќи од публика, жири, интепретација, музика, текст, сценски настап.
Значајни награди: 1 место публика (Цветници 1995), 1 место жири (Охридски трубадури 1996), 1 место публика (Фолк Фест Валандово 1996), 1 место публика (Валандово 1999), 1 место жири (Валандово 2000), 1 место жири (Охридски трубадури 2021) и многу други втори и трети награди. Како и 3 награди за животно дело на Охридски трубадури (2010), Фолк Фест Роса (2014) и Општина Струмица (2019).
Одржал 2 солистички концерти во Универзална сала – Скопје.
Многу бројни турнеи во дијаспората во Австралија, Канада, Америка, Германија и Европа.
Снимил над 20 спотови за МРТВ како и за ТВ Вис Струмица.
Снимил и реализирал повеќе едночасовни емисии за МРТВ, под името Мојата слика, Мал концерт, Фолк џубокс како и новогодишни емисии. Гостувал и во други емисии како: Мерак меана и Магазин на Сител-телевизија, Здраво Македонијо и Отворено студио на Канал 5, Зајди зајди и Везилка на Телевизија Алфа и други.
Издадил ЦД за учество на Валандово, 15 години Перо Христов на Фолк Фест Валандово.
Во 2019 година, по повод 50 години музичка кариера, направи 2 солистички концерти во Скопје и Струмица. На концертот "50 години естрадна дејност Перо Христов" гости му биле неговите колеги: Маргица Антевска, Благица Калева, Интервали, Катерина Танева, Блаже Маротов и Арија Бенд.
Во 2021 година, со дуото Дац и Александар ја снимил песната "Под кулите на Струмица".
Познати хитови од македонската новосоздадена народна музика се:
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Перо Христов“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.