From Wikipedia, the free encyclopedia
Пентархија, од грчки „Владеење на петтемина“, влијаела во создавањето на „Петте големи мориња“ или рани Епископии, кои ги претставуваат петте најголеми христијански центри во средниот век:
Првите четири градови, плус Ерусалим биле најголемите христијански центри во Римското Царство во 4 век, периодот кога христијанството било официјално признаено и добило статус на рамноправна религија.
После арапските освојувања, само Цариград останал во состав на Римското Царство (Византија). Папата во Рим во овој период сѐ уште бил во голема мерка поврзан со Цариград (сѐ до Големиот раскол), Ерусалим и Александрија потпаднале под муслиманско владеење, додека Антиохија со векови продолжила да биде фронтна линија помеѓу Византија и Арапскиот Калифат. Со ова, но и со некои други тековни политичко-историски големи промени, идејата за постоење на пет најголеми административни центри на Христијанската Црква уште повеќе се оддалечила од реалноста.
Кога во 1589 година метрополитска Москва го добила статусот на независна патријаршија (што значи дека повеќе не била подредена на пораниешната Вселенската патријаршија на Цариград), православието ја вклучувало неа во новата Пентахрија, сочинета од Цариград, Москва (на местото на Католички Рим), Антиохија, Ерусалим и Александрија.
Општо кажано, зборот „Пентархија“ се користи кога се говори за пет владетели, или пет моќи. Така, низ историјата има примери кога овој збор бил користен за опис на либералната пентахрија во Италија во 19 век, или петте големи Европски сили во 18 век и 19 век (Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.