Патрик Андерсон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Патрик Андерсон

Патрик Џонас Андерсон (18 август 1971) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец. (одбранбен играч)

Thumb
Патрик Андерсон во 2013

Започнувајќи ја својата кариера со клубот на Малме ФФ во доцните 1980ти, тој продолжил да игра професионално во Англија, Германија и Шпанија и ја освоил Лигата на шампионите на УЕФА 2000-01 со ФК Баерн Минхен. Подоцна во 2004 година се вратил во Малме пред да се пензионира следната сезона.

Помеѓу 1992 и 2002 година, тој одиграл 96 натпревари за репрезентацијата на Шведска, а бил и дел од тимот на Шведска која го освоила на третото место на Светското првенство во фудбал во 1994 година во Соединетиоте Американски Држави. Исто така тој настапувал на Летните олимписки игри 1992 во Барселона. Патрик има настапувано и на УЕФА ЕВРО 1992, УЕФА ЕВРО 2000, и бил стандарден играч на тимот на Светското првенство на ФИФА 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија.

Тој бил награден со Гулдболен како најдобар шведски фудбалер во 1995 и 2001 година.

Клупска кариера

Почетна кариера

Патрик Џонас Андерсон е роден е во Бјеред,Шведска. Тој ја започнал својата кариера во локалниот клуб, Бјередс ИФ, а во 1988 година, се преселил во Алсвенскан лигата во поголемиот и попознат клуб Малме ФФ.

Блекбурн Роверс

Во декември 1992 година, Андерсон се преселил во англискиот тим на Блекбурн Роверс за сума од 800.000 фунти[1] каде останал една година, одигрувајќи само 12 натпревари во Премиер лигата. Сепак, тој останал познат по тоа што бил еден од првите странски засилувања во тимот на Блекбурн Роверс и еден од релативно малата група странци кои се појавиле во првата сезона од новата Премиер лига во Англија.[2] Патрик постигнал еден гол за Блекбурн, во поразот со 2:1 од Шефилд Венздеј во реваншот од полуфиналето на Купот на фудбалската лига во сезоната 1992-93.[3]

Борусија Менхенгладбах

Неговиот следен чекор бил заминувањето во Германија во октомври 1993 година[4] во тимот на Борусија Менхенгладбах. Таму тој го освоил ДФБ-Покал (првенството) со екипата на Борусија во 1995 година, но морал да го напушти тимот во 1999 година бидејќи неговите перформанси и неговата игра не била на задоволитено ниво.

Баерн Минхен

Во јуни 1999 година, Андерсон потпишал за Баерн Минхен за приближно 6 милиони германски марки.[5] Својот прв натпревар го одиграл на 22 август 1999 година во поразот на Бајер од 2:0 на гостински терен кај екипата на Бајер Леверкузен. Неговиот претстој во Баерн резултирал со две шампионски титули во Бундеслигата (во шампионската сезона 2000-01 тој го постигнал последниот и решавачки гол против тимот Хамбургер во последната минута.[6] Тоа бил неговиот единствен гол за клубот) едниот бил првак на Германија, а вториот победа и освојување на Лигата на шампионите на УЕФА 2000-01,[7] и покрај тоа што на тој натпревар го промашил ударот од точката за казнени удари (пенал).[8]

ФК Барселона

Андерсон во 2001 година се преселил да игра во гигантот од Ла Лига ФК Барселона и таму поминал цели три сезони, но за жал со многу повреди. Затоа за популарнит тим од Ноу Камп (Блауграна - салата) одиграл само 19 првенствени натпревари.[9]

Малме ФФ

Во сезоната 2004, Андерсон се вратил во клубот на Малме ФФ за да игра во шведската лига повторно по цели 10 години. Таа 2004 година тој бил капитен на ФФ Малме кој ја освоил првата титула во шведската лига (Алсвенскан) по пауза од цели 15 години. Двапати бил награден со Гулдболен како шведски фудбалер на годината, и тоа во 1995 и 2001 година. Доживеал уште една повреда на коленото за време на квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против швајцарскиот тим ФК Тун на 10 август 2005 година.[10] Тогаш, на 12 август, Андерсон објавил дека се повлекува од професионалниот фудбал.

Меѓународна кариера

Андерсон во својата кариера одиграл вкупно 96 натпревари за шведската репрезентација, постигнувајќи три гола.[11] Тој освоил бронзен медал на Светското првенство во фудбал во САД во 1994 година. Андерсон играл и во тимот што успела да стигне до полуфиналето на УЕФА ЕВРО 1992 година. Бил дел од шведската државна репрезентација која учествувала на ЕВРО 2000, потоа наСветскиот првенство на ФИФА 2002 година и бил член на шведскиот тим што се натпреварувал на Летните олимписки игри 1992 во Барселона.[12] На ЕВРО 2000, добил црвен картон за тежок прекршок над белгиецот Барт Гур.[13] На Светското првенство во 2002 година, на последниот тренинг на Шведска пред нивниот воведен натпревар против Англија, Андерсон се повредил и не бил во можност да игра на турнирот. Тој бил заменет од соиграчот Андреас Јакобсон.

Кариерата по професионалната игра

Андерсон бил назначен за скаут на Манчестер Јунајтед во Скандинавија во август 2010 година.(човек кој ќе ги следи младите и надежни играчи од Скандинавија и ќе ги упатува во тимот на Манчестер Јунајтед).[14]

Приватен живот

Андерсон е син на Рој Андерсон, кој одиграл повеќе од 300 натпревари за ФФ Малме и одиграл 20 натпревари за репрезентацијата на Шведска, претставувајќи ги на Светското првенство на ФИФА во 1978 година во Аргентина.[15] Неговиот брат Даниел Андерсон, бил исто така поранешен професионален фудбалер и шведски репрезентативец.[16]

Статистика во кариерата

Клубска статитика

Повеќе информации Клуб, Сезона ...
Настапи и голови поклуб, сезона и натпреварување
Клуб Сезона Лигашки натпревари и голови Натпревари во куп Натпревари од лига куп Европски натпревари Вкупно
Лига Настапи Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Малме ФФ 1989 Шведска прва лига 15 1 4 0 19 1
1990 Шведска прва лига 20 2 4 0 24 2
1991 Шведска прва лига 28 1 28 1
1992 Шведска прва лига 27 7 27 7
Вкупно 90 11 8 0 98 11
Блекбурн Роверс 1992–93 Премиер лига 11 0 11 0
1993–94 Премиер лига 1 0 1 0
Вкупно 12 0 12 0
Борусија Менхенгладбах 1993–94 Бундеслига 17 1 0 0 17 1
1994–95 Бундеслига 34 1 6 0 1 0 41 1
1995–96 Бундеслига 33 4 2 0 6 0 41 4
1996–97 Бундеслига 32 1 2 0 4 1 38 2
1997–98 Бундеслига 30 3 1 0 31 3
1998–99 Бундеслига 28 0 3 0 31 0
Вкупно 174 10 14 0 1 0 10 1 199 11
Бајерн Минхен 1999–2000 Бундеслига 15 0 5 0 2 0 9 0 31 0
2000–01 Бундеслига 20 1 1 0 2 0 12 0 35 1
Вкупно 35 1 6 0 4 0 21 0 66 1
Барселона 2001–02 Ла Лига

Шпанска прва лига

12 0 1 0 6 1 19 1
2002–03 Ла Лига

Шпанска прва лига

3 0 0 0 4 0 7 0
2003–04 Ла Лига

Шпанска прва лига

4 0 1 0 0 0 5 0
Вкупно 19 0 2 0 10 1 31 1
Малме ФФ 2004 Шведска прва лига 10 1 10 1
2005 Шведска прва лига 9 0 3 0 12 0
Вкупно 19 1 11 0 22 1
Вкупна кариера на играчот 349 23 22 0 5 0 53 2 428 25
Затвори

Меѓународни натпревари

Повеќе информации Репрезентација, Година ...
Настапи и голови по репрезентација и година
Репрезентација Година Натпревари Голови
Шведска 1992 година 11 0
1993 година 7 0
1994 година 15 1
1995 година 7 0
1996 година 8 1
1997 година 9 0
1998 година 7 0
1999 година 9 0
2000 година 10 0
2001 година 10 1
2002 година 3 0
Вкупно 96 3
Затвори
Список на натпревари и резултати. Најпрво е бројот на голови на Шведска, а потоа колоната со постигнати голови на Андерсон.
Повеќе информации бр., Дата ...
Список на меѓународни голови постигнати од Патрик Андерсон
бр. Дата Место на одигрување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1 17 август 1994 година Ејравален, Еребро, Шведска  Литванија 3–0 4–2 Пријателски
2 1 јуни 1996 година Стадион Росунда, Солна, Шведска  Белорусија 4–1 5–1 Квалификации за Светското првенство на ФИФА во 1998 година
3 1 септември 2001 година Градски стадион, Скопје, Македонија  Македонија 2–0 2–1 Квалификации за Светското првенство на ФИФА во 2002 година
Затвори

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.