From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсадата на Цариград од 718 година е вториот обид на Арапите да го заземат градот од страна на Византија.
Втора арапска опсада на Цариград | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни | |||||||
Втората арапска опсада на Цариград, како што е прикажана во 14-от век |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Омејадски калифат | Бугарска империја Византија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Маслама ибн Абд ал-Малик, Адмирал Сулејман | Лав III Исавријанин, Хан Тервел |
||||||
Сила | |||||||
непознат број на Коњаница 2.560 бродови[1] | 30.000 Византијци, 50.000 Бугари |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато, 2.555 бродови | непознато |
Во текот на 7 век, арапските територии се простирале на три континента: Азија, Африка и Европа. Претходно веќе биле заземени поранешните византиски провинции: Сирија, Палестина, Египет и Северна Африка. Во почетокот на 8 век било уништено и Визиготското кралство во Шпанија. Муслиманскиот калифат претставувал најголема закана за христијанска Европа.
По првата неуспешна опсада на градот, Арапите направиле уште еден обид за преземање на Цариград. Во текот на 717 година, една голема арапска армија се упатила кон престолнината на Византија. Таа броила околу 80.000 души и истата била предводена од страна на Маслама, брат на калифот Сулејман ибн Адд ал-Малик, околу 1.800 воени бродови. Градот бил од сите страни најпрвин заобиколен а со тоа и опседнат. Царот Лав III Исавријанин побарал помош од повеќе земји во Европа. Калифот Сулејман загинал во борбите во 717 година, а на негово место застанал Умар II кој само ја продолжил опсадата. Византискиот цар се обратил до бугарскиот хан Тервел. Тој испратил војска кон градот и со помош на Византија во битката им нанеле пораз. Тоа го принудило на Маслама да нареди неговите војници да ископаат нов ров главно сасочен против Бугарите и престолнината, но притоа многу згрешил бидејќи самиот тој се ставил во стапица односно опсада.
Настапила многу студена зима. Голем број на муслимански војници почеинале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. И покрај настанатата состојба, опсадата продолжила и веќе следната година арапите повторно се обидиле да го преземат градот но тие биле тешко поразени и биле принудени да се повлечат. Загубите на арапските сили биле многу големи.
Овој пораз задал силен удар врз калифот Умар II и Омејдскиот калифат. Доколку градот паднал во рацете на калифатот, Византија најверојатно ќе се распаднала а со тоа би се отворила можност порано да започне муслиманската експанзија низ христијанска Европа која сепак тоа се случило 700 години подоцна, од страна на Османлиското Царство. Во Европа владееле вистински нереди по пропаста на Римското Царство. Голем број на современи историчари, неуспехот на муслиманите го гледаат во прекумерната оддалеченост којшто требало војската да ја помине за да дојде до портите на градот. Помошта од бугарската држава можеби била еден од клучните фактори за победата на Византија во Битката кај Акронион. Голем број на музичари и поети бугарскиот хан Тервел го прогласиле за “спасител на Европа“. Битката кај Тулуза и Битката кај Појатје дополнително придонеле за слабеење на калифатот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.