From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсадата на Цариград во 626 година била од страна на Аварите, кои биле подпомогнати од голем број на Словени и Сасанидските Персијци. Војната завршила со победа на Византија, а успехот на империјата го спасил падот и колапсот на Ираклиј I.
Опсада на Цариград | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Римско-персиски војни | |||||||
Опис на опсадата од Летописот на Константин Манасиј |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Византија | Авари | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
непознато Шахрбараз |
|||||||
Сила | |||||||
12,000 | 80,000 Авари и Словени, Персијци |
Во 602 година, идниот цар Фока го поразил Маврикиј Тибериј, актуелниот византиски цар, и по ова се прогласил за нов цар во Цариград. Во ова време низ империјата а посебно го градот владеел потполен терор и анархија.[1] Новите реформи во законите ги осудиле еврејското население. Веднаш по ова, империјата била нападната од страна на Сасанидското Царство, каде во почетокот на војната забележале големи победи над империјата. Од источната страна, само уште Анадолија била во раце на империјата. Малку подоцна, од власт бил симнат Фока, а на негово место застанал Ираклиј I, кој веднаш започнал со големи реформи кој го засегале неговиот претходник.[1] Сепак, и покрај неговите големи офанзиво кон Месопотамија (денешен Ирак), тој не успеал да ги сопре персиските непријатели да дојдат до портите на неговата престолнина, а претходно заземајќи го Халкедон од каде Персијците биле во состојба директно да го нападнат градот.
Додека византиската армија била на подход кон Ерменија, Персијците пристигнале во Мала Азија, а од Тракија пак кон градот се упатиле аварите и мал број на Словени. Опсадата била подпомогнета од страна на 80.000 Авари[2]. Персијците биле пристигнати во Халкедон пред Фока да биде симнат од власт. Сепак, кога нивната линија на опдсадата се доближила кон Теодосиевите ѕидини на градот, многу бргу увиделе дека градот нема да биде многу лесно потчинет. За среќа за бранителите, војската на Византија била околу 12.000 и претежно се состоела од коњаница, а војската била претходно обучена и професионално спремена.[3]
Византија им нанела пораз на сојузниците по морски пат, и по само неколку часа опсадата завршила со победа на Византија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.