From Wikipedia, the free encyclopedia
Огист Маке (француски: Auguste Maquet; 13 септември 1813 Париз – 8 јануари 1888) — француски писател, познат по соработката со романописецот Александар Дима, на кој му помогнал да ги напише, меѓудругото, Грофот од Монте Кристо и Тројцата мускетари.[1]
Маке е роден во Париз, во 1813. Бил образуван во средното училиште Карло Велики каде станал професор на 18 години. Иако учел за историчар, се свртил кон книжевноста и се зближил со книжевници како Теофил Готје и Жерар де Нервал.[2]
Преку Нервал, се запознал со веќе прославениот Дима во 1838. Маке му дал драма на Дима која ја усовршил и ја објавил во успешната претстава Батилда. Заедно почнале да пишуваат историски романи, така што Маке ги создавал ликовите и заплетот, а Дима додавал детали и дијалози. По молба и препорака од издавачите името на Маке било изоставувано од главната страна на книгите, а Маке бил добро платен за возврат. Нивната соработка прекинала во 1851.
Маке самиот продолжува да пишува неколку историски романи, драми и една опера. Во 1861, станува офицер на легијата на честа. Маке умира во големо богатство. Закопан е на гробиштата Пер Лашез во Париз.
Оваа статија за писател, поет или драматург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.