From Wikipedia, the free encyclopedia
Нуакшот (на арапски: نواكشوط или انواكشوط [прев. "Местото на ветровите"] Nawākšūṭ) е главен и најголем град на Мавританија. Доколку не се брои Каиро и градовите северно од Атласките Планини, тој е и најголемиот сахарски град. Нуакшот е административен и економски центар.
Mестоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име | Нуакшот |
Управа | |
Градоначалник | Ахмед Хамза |
Географија | |
Население | |
Население | 881,000 (1999) |
Нуакшот се наоѓа на атлантскиот брег на пустината Сахара, во Западна Африка. Освен кејот на Нуакшот и неговото пристаниште, крајбрежниот појас во градот е неурбанизиран и подложен на поплави.
Како резултат на брзиот развиток, градот е доста проширен, со неколку висококатници. Тој е и место на соочување на урбаните Мавританци и нивните номадски сограѓани.
Нуакшот е изграден околу голема трилиниска улица - Авенија Абд ан-Насир, која оди североисточно низ градскиот центар до аеродромот. Другите главни улици се именувани (на француски јазик) по важни мавритански личности или меѓународни личности од 1960-тите: Авенија Де Гол, Авенија Кенеди и Авенија Лумумба на пример.
Температурата во Нуакшот варира од 33 °C (92 °F) и 13 °C (56 °F), а просечното количество на дожд е 178 mm годишно.
Оваа статија место во Африка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.