политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Никола Иванов Вражалски (Кочани, 12 мај 1914 - Скопје, 8 август 1997 ) — припадник на студентското движење МАНАПО, учесник во НОВ и македонски правник. Бил јавен обвинител на НРМ и пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од 1946 година.[1]
Вражалски е роден во Кочани на 12 мај 1914 година. Завршил Правен факултет во Белград во 1940 година. За време на студиите во Белград активно се вклучил во студентските активности и во друштвото „Вардар“.[1][2] Станал член на КПЈ во 1940 година.
Со дозвола на Комунистичката партија на Југославија, во периодот на бугарската окупација на Македонија, се инфлитрирал и бил поставен како кмет најпрво во Чичевската општина (1941 година), па во Богомила (1942 година), а од јуни 1942, бил поставен за кмет на селото Блатец. Од октомври 1942 година работел во Скопје. Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година.
По Ослободувањето, во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. За јавен обвинител на НРМ бил именуван на 27 јули 1946 и на таа функција останува до 3 ноември 1948 година[3]. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за подготовка на Уставот на НРМ од 1946 година.
По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото, кон крајот на 1949 година, заедно со Панко Брашнаров и Ѓорѓи Василев, основале информбировска илегална група, со цел за нелегална работа против партиското и државно раководство.[4] Потоа бил затворен на Голи Оток како информбировец. Починал во Скопје во 1997 година.
Во негова чест една улица во Кочани го носи неговото име[5].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.