археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Нива на Стојко Тодоров — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува објект од римско време [1],[2].
„Нива на Стојко Тодоров“ | |
Местоположба | 41°48′30″N 22°16′26″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Козјак |
Општина | Карбинци |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
На 400 м југоисточно од селото се наоѓа нивата на Стојко Тодоров која лежи на самиот десен брег на Козјачка Река. Во 1965 година, со земјоделските работи е откриена мала скулптурална претстава на тројна Хеката, изработена од бел ситнозрнест мермер. Подоцна, во 1967 година, Музејот од Штип извршил мало пробно ископување. Во сонда долга 10 м и широка 2 м биле откриени делови од темели на објект, ѕидани од речен камен и кал, зачувани со 2 до 3 реда ѕидарија. Освен фрагменти од керамички садови, биле најдени неколку монети од времето на Константин. Објектот му припаѓа на комплексот на античкиот град Баргала.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.