From Wikipedia, the free encyclopedia
Нефериркаре (понекогаш нарекуван Нефериркаре II поради Нефериркаре Какаи) бил антички египетски фараон од Осмата династија за време на раниот Прв среден период (2181-2055 п.н.е.). Според египтолозите Ким Рихолт, Јирген фон Бекерат и Дарел Бејкер тој бил 17-ти и последен крал на Осмата династија.[1][2] Многу научници сметаат дека Нефериркаре бил последниот фараон на Старото Кралство, кое завршило со 8-та династија.[3]
Нефериркаре | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Нефериркаре II | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Нефериркаре од Кралски список од Абидос. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 1 година и 6 месеци, околу 2160 г. п.н.е., Осма династија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Неферкаухор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | непознато; можеби Мериибре Кети | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Закопан | Непознато |
Името на Нефериркаре II е јасно потврдено на 56 влез во кралскиот список од Абидос.[2] Најновата реконструкција на Торинскиот канон покажува дека Неферикаре II е исто така запишан таму на колоната 5, линија 13.[1]
Фарук Гома, Вилијам Хејс и Бејкер го идентификуваат Нефериркаре II со Хоровото име Демеџибтави (Dmḏ-ib-t3wy, „Тој што го обединува срцето на двете земји“), кој се појавува на еден декрет кој сега се наоѓа во Египетски музеј, ЈЕ 41894. Декретот се однесува на храмот Мин кај Коптос, и го ослободува од такси и должности.[4][5][6][7] Оваа идентификација не ја прифаќа Јирген фон Бекерат.[8]
Друга предложена идентификација се однесува на Ваџкаре (W3ḏ-k3-Rˁ, „Процутен е ка на Ра“), кој исто така се појавува на декрет за Коптос.[9] Курт Хајнрих Сете, Гома, Хејс и Бејкер сметаат дека Ваџкаре се разликува од Демеџибтави, но фон Бекерат верува дека Ваџкаре можеби бил преномен на Неферкаре II и иста личност со Демеџибтави. Напротив, Гома и Хејс го изедначуваат Ваџкаре со нејасен владетел по име Хор-Кабав.[4] Алтернативно, Ханс Гедике предлага дека Ваџкаре е претходник на Демеџибтави, и ги сместува и двајцата хронолошки во 9-та династија.[10] Томас Шнајдер го остава проблемот отворен и го поврзува Ваџкаре подеднакво со Неферкаре II или Нефериркаре II без понатамошно повикување на Демеџибтави.[11]
На крајот, и Демеџибтави и Ваџкаре не се познати од ниедна друга потврда од нивно време, освен декретот, и доколку не бидат идентификувани со Нефериркаре II или Неферкаре II, нив ги нема и во Кралскиот список од Абидос и во Торинскиот канон.
Во 2014 година, Маха Фарид Мостафа објавил натпис, пронајден во гробот на Шемај. Натписот му припаѓа најверојатно на Иди, син на Шемај, иако името на Иди не е зачувано. Текстот е датиран од време на крал со име Пепи и со престолно име Нефер-ка [уништено] -Ра. Маха Фарид Мостафа го реконструирал тоа престолно име во Нефериркаре. Натписот со сигурност датира од Осмата династија. Ако оваа реконструкција е точна, Нефериркаре е најверојатно иста личност со Демеџибтави . Иди се споменува на еден од декретите на Коптос заедно со Демеџибтави.[12]
Во Торинскиот канон, Нефериркаре II е запишан дека владеел година и половина.[1] И Торинскиот канон и Кралскиот список од Абидос го бележат Нефериркаре II како последен владетел на комбинираната 7-ма- 8-ма династија.[8] Нефериркаре е веројатно соборен од првиот крал на следната 9-та династија, Мериибре Кети. Алтернативно, египетската држава можеби целосно се распаднала со почетокот на слабите поплави на Нил, масовниот глад и хаосот што го зафатил Египет на почетокот на Првиот среден период.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.