Неофит Рилски (граѓанско име Никола Поп Петров Бенин) — македонски преродбеник,[1][2] кого бугарската наука го смета за еден од најистакнатите бугарски преродбеници со потекло од Пиринска Македонија, монах, педагог и научник.[3][4]
Кратки факти Роден, Починал ...
Затвори
Уште сосем млад избегал од родниот град Банско во Рилскиот манастир, во кој во 1818 година станал монах, а во периодот од 1860 до 1864 бил и негов игумен. Меѓу неговите наjпознати дела се учеството во создавањето на првото модерно бугарско средно училиште во 1835 година, за кое Рилски напишал и некои од учебниците како учебникот за начелниот курс "Взаимоучителни таблици", првата новобугарска граматика, издадена во истата година, првиот бугарски учебник по Берт-Ланкастеровиот педагошки метод "Краснописание", издаден во 1837-а, и "Зборник на бугарскиот јазик, изтолкуван од црковно-словенски и грчки јазик" во 1875-а. Во 1840 го издал и првиот новобугарски превод на Новиот завет со името "Нов'j завет господа нашего Иисуса Христа сега новопреведенн'j от Славенскаго на Болгарскиj јаз'ик".
ДАРМ, Бугарски генерален конзулат (БГК) - Солун 1896-1915, мф. Бр. 4278, Но. 181, 20 февруари 1904.
Бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов и солунскиот валија Хасан Фехми паша во почетокот на 1904 година имале разговор, при што валијата постојано се оплакувал од Македонците и го прашал Шопов: „Дали Македонците уште бујствуваат во Бугарија?“ На тоа Шопов одговорил: „Како да не бујствуваат паша ефенди кога денес поголем дел од македонското население е во Бугарија, поголемиот дел од жителите на Софија се Македонци; голем дел од офицерите во армијата се Македонци; голем дел од видните чиновници се Македонци; целата македонска интелигенција од Македонија е во Бугарија. Македонска е и толпата по улиците“. По оваа валијата констатирал дека Македонците играат важна улога во Бугарија. На што Шопов додал „многу важна паша ефенди, поважна отсекогаш. Улогата на Македонците во судбината и животот на Бугарите во општо секогаш била важна“. За поткрепување на изнесеното, Шопов го потенцирал придонесот што го дале Македонците на културен план за Бугарите. Во тој контекст ги наведува: отец Паисиј како автор на првата бугарска историја; Кирил Пејчиновиќ и неговото дело кое наводно е на бугарски јазик; Теодосиј Синаитски кој ја отворил првата бугарска печатница во Солун и го испечатил првиот бугарски буквар; потоа Неофит кој го отворил првото бугарско училиште во Габрово поради што се сметал за патријарх на бугарското училиште. Посебен впечаток остава фактот дека за ниту еден од нив не се вели дека е Бугарин, туку се потенцира дека тие се Македонци по род. Истовремено А. Шопов, потенцирал дека Македонците дале значаен придонес и за бугарското црковно прашање. На повторната констатација од страна на валијата дека Македонците принеле значајни заслуги за бугарскиот народ, следи образложение: „не само за бугарскиот, туку и за грчкиот... во време на грчкото востание...“ На крај од разговорот Шопов истакнал:Така што гледате паша ефенди какава улога играле секогаш Македонците во животот на бугарскиот народ. Уште поважна играат сега. Ако работата е за оплакување, ние од Бугарија имаме повеќе право од Вас (Турците б.н) да се оплакуваме од Македонците, зошто тие ни ја презедоа нашата сила, тие ни ги зедоа најдобрите места и служби, тие ни ги презедоа финансиите и градовите, тие ни ја презедоа војската и нашите министерства, тие ни ја презедоа трговијата, тие презедоа речи си с¢ во Бугарија... Избавете не од нив заради Бога.
Стилиян Чилингиров, "Неофит Рилски", Библиотека "Български писатели" под ред. на М. Арнаудов, том I, Издателство "Факел", София, 1929.
Првата новобугарска граматика, Крагуевац, 1835
Гробот на Неофит Рилски во Рилскиот манастир