Нежилово (Кратовско)
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Нежилово — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Нежилово | |
Воздушен поглед на Нежилово | |
Координати 42°6′54″N 22°13′59″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Кратово |
Област | Осогово |
Население | 21 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14019 |
Надм. вис. | 930-1.300 м м |
Нежилово на општинската карта Атарот на Нежилово во рамките на општината | |
Нежилово на Ризницата |
Името на селото првпат е забележано во турски документи од XVI век. Името се поврзува со личното име Нежил (или Нежо), како и другите варијанти Негослав или Негомир.[2]
Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 930 до 1.300 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 6 километри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 29271 (целосно асфалтиран), кој се двои од регионалниот пат 2232 во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.
Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 14,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 635 хектари, на пасиштата отпаѓаат 443 хектари, а на обработливите површини 295 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нежилово живееле 260 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нежилово имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Нежилово е мало село, со опаѓање на бројот на населението. Така, Нежилово во 1961 година имало 275 жители, а во 1994 година само 82 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Нежилово живееле 23 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, селото имало население од 21 жител, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 280 | 294 | 326 | 275 | 221 | 163 | 60 | 50 | 23 | 21 |
Кон крајот на XIX век, Нежилово било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Кратовска градска општина, во која влегувале градот Кратово и селата Близанци, Железница и Нежилово.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0907 според Државната изборна комисија.[12]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.