Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Наталија Владимировна Бороникова (руски: Наталия Владимировна Боронникова) — познат македонист од Перм и еден од најмладите научници во Руската Федерација кои се занимаваат со македонскиот јазик.[1]
Наталија Владимировна Бороникова | ||
Родена | 6 февруари 1973 Перм, Русија |
---|
Родена е на 6 февруари 1973 година во градот Перм, Русија.
Кандидат по филолошки науки, доцент на Пермскиот државен универзитет, Филолошки факултет, катедра за општа и словенска лингвистика.
Средно училиште завршила во 1990 година во градот Перм (Русија). Од 1991 година до 1996 година студирала на Филолошкиот факултет на Пермскиот државен универзитет, дипломирала со специјализација „Филолог. Предавач по руски јазик, литература и словенски јазици„. Во 1998 година се запишала на постдипломски студии на катедрата за општа лингвистика на Пермскиот државен универзитет по специјализација „Теорија на јазикот„ (ментор – проф. д-р Јуриj Левицки). Во 2002 година ја одбранила кандидатската дисертација на тема „Функционална анализа на семантиката на членот„. Во 2007 година се здобила научно звање доцент.
Од 1996 година работи на катедрата за општа и словенска лингвистика на Пермскиот државен универзитет, најпрво како секретар (1996 – 1997), потоа како асистент (1998 – 2001), виш предавач (2002 – 2004), доцент (од 2005). Од 1998 година исто така е вработена на катедрата за општа лингвистика при Пермскиот педагошки универзитет. Предава Вовед во лингвистиката, Историја на лингвистичките студии, Методи на лингвистичките истражувања, Општа лингвистика, Македонски јазик, Бугарски јазик. Во 2003-2004 учебна година организира група специјализирана за македонски јазик при Пермскиот педагошки универзитет.
Влегува во редакциски одбор на меѓународниот зборник на научнит трудови „Филолошки студии„. Учествува во научно-истражувачки проекти, меѓународни конференции и симпозиуми (Македонија, Унгарија, Чешка, Полска, Естонија, Литванија).
Се специјализира за прочување семантика и функции на категоријата определеност-неопределеност, деиксисот, теоријата на референција. Неjзините научни интереси лежат во областа на теорија на јазикот, историја на лингвистичките студии, теоретската граматика, синтаксата и словенските јазици.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.