From Wikipedia, the free encyclopedia
Нарушување во исхраната ― ментално нарушување дефинирано со абнормално однесување кон исхраната кое негативно влијае на физичкото или менталното здравје на една личност.[1] Само едно нарушување во исхраната е можно да се дијагностицира во одреден период.[1] Видови на нарушувања во исхраната вклучуваат нарушување со прекумерна исхрана(BED), каде што пациентот јаде голема количина храна за краток временски период; анорексија нервоза, каде што лицето има интензивен страв од зголемување на телесната тежина, ја ограничува храната или прекумерно вежба за да го спречи овој страв; булимија нервоза, каде што поединците јадат прекумерно количество, а потоа се обидуваат да се ослободат од храната (прочистување); пика, каде што пациентот јаде нехранливи материи како кал,глина,лепило и сл.;синдром на руминација, каде што пациентот регургитира несварена или минимално сварена храна; нарушување на избегнување/рестриктивно внесување храна (ARFID), каде што луѓето имаат намален или селективен внес на храна поради некои психолошки причини (види подолу); и група други наведени нарушувања во хранењето или исхраната.[1] Анксиозните нарушувања, депресијата и злоупотребата на супстанции се вообичаени кај луѓето со нарушувања во исхраната.[2] Овие нарушувања не ја вклучуваат дебелината.[1]
Нарушување во исхраната | |
---|---|
Специјалност | Психијатрија, клиничка психологија |
Симптоми | Вон нормални навики на јадење кои негативно влијаат на физичкото или умственото здравје[1] |
Компликации | Анксиозно растројство, депресија, злоупотреба на дрога,[2] аритмија, откажување на срце и други срцеви проблеми, гастроезофагеална рефлуксна болест, гастроцревни проблеми, низок крвен притисок, откажување на органи и оштетување на мозокот, остеопороза и оштетување на забите, тешка дехидратација и запек, запрени менструални циклуси (аменореја) и неплодност, удар.[3] |
Видови | Прекумерно нарушување во исхраната, анорексија нервоза, булимија нервоза, пика, руминациски синдром, Нарушување на внесување храна преку избегнување/забранување, синдром на јадење ноќе[1] |
Причинители | Нејасни[4] |
Ризик-фактори | Гастроцревни нарушувања, полово злоставување во минатото, да си танчер или гимнастичар[5][6][7][8] |
Лекување | Советување, правилна исхрана, нормална количина на вежби, лекови[2] |
Причините за појава на нарушувањата во исхраната не се јасни, иако се чини дека и биолошките и еколошките фактори играат улога.[2][4] Се верува дека културната идеализација на нереалистична слика за физичкиот изгед придонесува за некои нарушувања во исхраната.[4] Исто така поединци кои доживеале сексуална злоупотреба имаат поголема веројатност да развијат некое нарушување во исхраната.[7] Некои пореметувања како што се пика и пореметување на руминација се јавуваат почесто кај лицата со интелектуална попреченост.[1]
Третман за лекување може да биде делотворен за многу нарушувања во исхраната.[2] Третманот варира во зависност од нарушувањето и може да вклучува советување, совети за исхрана, намалување на прекумерното вежбање и намалување на обидите за елиминирање на храната.[2] Лекови може да се користат за да помогнат со некои од асоцираните симптоми со нарушувањето.[2] Во посериозни случаи може да биде потребна хоспитализација.[2] Околу 70% од луѓето со анорексија и 50% од луѓето со булимија се опоравуваат во рок од пет години.[9] Само 10% од луѓето со нарушување во исхраната добиваат третман, а од нив, приближно 80% не добиваат соодветна грижа. Многумина се испратени дома неколку недели порано од препорачаниот престој и не го добиваат соодветниот третман.[10] Закрепнувањето од нарушување на прекумерната исхрана е помалку јасно и се проценува на 20% до 60%(BED).[9] Обете анорексијата и булимијата го зголемуваат ризикот за смрт.[9]
Проценките за распространетоста на нарушувањата во исхраната варираат во голема мера, имајќи ги в превид разликите во полот, возраста и културата, како и методите што се користат за дијагноза и мерење.[11][12][13] Во развиеното општество, анорексијата влијае на околу 0,4%, а булимијата влијае на околу 1,3% од младите жени во една година.[1] Нарушувањето со прејадување(BED) влијае на околу 1,6% од жените и 0,8% од мажите во една одредена година.[1] Според една анализа, процентот на жени кои би имале анорексија во одреден момент од нивниот живот може да биде до 4%, или до 2% за булимија и нарушувања со прекумерна исхрана(BED).[9] Застапеноста на нарушувања во исхраната се чини дека е пониска во помалку развиените земји.[14] Анорексијата и булимијата се јавуваат речиси десет пати почесто кај жените отколку кај мажите, но сепак тоа не значи дека не се појавуваат и кај мажите.[1] Типичен почеток на нарушувања во исхраната е во доцното детство до раната зрелост.[2] Застапеноста на други нарушувања во исхраната не се јасни.[1]
Следниве нарушувања во исхраната се наведени како ментални нарушувања и се сретнуваат во стандардните медицински прирачници, вклучувајќи ги МКБ-10 и ДСМ-5.
Симптомите и усложувањата кои се појавуваат поради нарушување во исхраната варираат во зависност од природата и сериозноста на нарушувањето:[25]
акни | ксероза | аменореа | губење на забите, кариес |
запек | дијареа | задржување на вода и/или едем | лануго |
телоген ефлувиум | срцев удар | хипокалемија | смрт |
остеопороза[26] | електролитен дисбаланс | хипонатремија | атрофија на мозокот[27][28] |
пелагра[29] | скорбут | бубрежна инсуфициенција | самоубиство[30][31][32] |
Физички симптоми кои се а асоцираат со на нарушувања во исхраната вклучуваат слабост, замор, чувствителност на студ, намален раст на брадата кај мажите, намалување на ерекцијата при будење, намалено либидо, губење тежина и намален раст.[33]
Честото повраќање може да предизвика влегување на кисел гастричен материјал во ларингоезофагеалниот тракт, кое може да доведе до необјаснето засипнатост. Поттикнувањето повраќање поради нарушување во исхраната како кај индивидуите е со анорексија нервоза, типот на прејадување-прочистување или оние со булимија нервоза од типот на прочистување, се изложени на ризик од рефлукс на киселина.[medical citation needed]
Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е најчестото ендокрино нарушување што ги зафаќа жените. Иако често се поврзува со дебелината, може да се појави кај поединци со нормална тежина. PCOS се асоцира со нарушувањето на прекумерно јадење и булимично однесување.[34][35][36][37][38][39]
Други можни манифестации на нарушувањето во исхраната се суви усни,[40] печење на јазикот,[40] отекување на паротидната жлезда,[40] и темпоромандибуларни нарушувања.[40]
Психопатологијата од дел на нарушувањата во исхраната кој се фокусира на нарушувањето на перцепцијата на своето телото,[41] како што се загриженоста за тежината и обликот; вредноста која личноста ја поставува за сама себе, која зависна од тежината и обликот на тежината; стравот од зголемување на телесната тежина дури и ако личноста има намалена тежина тежина; негирање на тоа колку се сериозни симптомите и погрешено доживување на своето тело од реалноста.[33]
Главните психопатолошки одлики на анорексијата беа наведени во 1982 година како проблеми во перцепцијата на своето телото, доживување на емоциите и меѓучовечките односи.[42][43] Жените со нарушувања во исхраната имаат поголемо незадоволство кон своето телото.[44] Нарушувањето на перцепцијата на своето телото вклучува вид, проприоцепција, интероцепција и тактилна перцепција.[45] Постои промена во интеграцијата на сигналите каде делови од телото се доживуваат како одделни од телото, наместо како целина.[45] Брух еднаш теоретираше дека тешки рани врски се поврзани со причината за анорексија и како примарните старатели можат да придонесат за појава на болеста.[42]
Истакната одлика на булимијата е незадоволството од обликот,изгледот на телото.[46] Сепак, незадоволството од обликот на телото не е од дијагностичко значење бидејќи може да е присутно кај лица без нарушување во исхраната.[46] Оваа многу лабилна одлика може да варира во зависност од промените во обликот и тежината, степенот на контролирањето врз јадењето и расположението.[46] Спротивно на тоа, неопходна дијагностичка одлика за анорексија нервоза и булимија нервоза е тоа имањето преценетите идеи за обликот и тежината се релативно стабилни со дијагностичко значење и делумно поврзани со ниската самодоверба на пациентите.[46]
Про-ана подразбира промовирање на однесувања поврзани со нарушување во исхраната анорексија нервоза. Неколку мрежни места ги промовираат нарушувањата во исхраната и можат да обезбедат можност за поединците да комуницираат со цел да ги задржат нивното нарушување. Членовите на овие веб страници обично чувствуваат дека нивното нарушување во исхраната е единствениот аспект од нивниот хаотичен живот кој би можеле да го контролираат.[47] Овие мрежни места се често интерактивни и имаат табли за дискусија каде што поединците можат да споделуваат стратегии, идеи и искуства, како што се планови за исхрана и вежбање со кои се постигнува екстремно мала тежина.[48] Направена студија која ги споредува личните веб-блогови кои се за нарушување во исхраната наспроти оние фокусирани на закрепнување, покажа дека блоговите за нарушување во исхраната содржеле јазик кој одразува пониска когнитивност, користеле позатворен стил на пишување, содржеле помалку емоционално изразување и помалку социјални референци, повеќе фокусирајќи се на содржини поврзани за јадење отколку на блоговите за закрепнување.[49]
Причините за појава на нарушувањата во исхраната сè уште не се јасно утврдени.
Многу луѓе со нарушувања во исхраната, исто така, имаат нарушување на перцепцијата за своето телото и коморбидно телесно дисморфично нарушување, што ги доведува до изменета перцепција за нивното тело од реалноста.[50][51] Студиите открија дека голем дел од лицата на кои им е дијагностицирано телесно дисморфично нарушување, исто така имале некаков вид на нарушување во исхраната, при што 15% од поединците имале или анорексија нервоза или булимија нервоза.[50] Оваа врска помеѓу телесните дисморфни нарушувања и анорексијата произлегува од фактот дека и BDD и анорексија нервоза се одликуваат со преокупација со физичкиот изглед и нарушување на перцепцијата за своето телото.[51]
Исто така, постојат многу други можности кои би можеле да ги промовираат и да ги одржуваат овие болести, како што се еколошки, социјални и меѓучовечки проблеми.[52] Исто така, честопати за порастот на инциденцата на нарушувања во исхраната се обвинуваат медиумите поради фактот што медиумските промовираат идеализирана слика за тенка физичка форма која се сретнува кај луѓето како што се моделите и познатите личности. Ова може да ги мотивира или дури да ги принудуваат луѓето самите да се обидат да постигнат виткост промовирана од медиумите. За искривување на реалноста се обвинети медиумите во смисла дека луѓето прикажани во медиумите се природно слаби и со тоа не ја претставуваат нормалноста или неприродно слаби со тоа што ги принудуваат нивните тела да изгледаат како одредена идеална слика. Постигнувајќи го истото со прекумерен притисок врз себе да изгледаат на одреден начин. Додека минатите наоди ги опишаа нарушувањата во исхраната како првенствено психолошки, еколошки и социокултурни, понатамошните студии открија докази дека постои генетска компонента.[53]
Бројни студии покажуваат генетска предиспозиција за нарушувања во исхраната.[54][55] Студиите како оние со близнаци открија мали случаи на генетска варијанса кога се разгледуваат различните критериуми за нервната анорексија и за булимија нервоза како ендофенотипови кои придонесуваат за појава на нарушувањата како целина.[52] Кај повеќе членови на семејство на поединец со анорексија нервоза е пронајдена генетска врска на хромозомот 1.[53] Една личност има седум до дванаесет пати поголеми шанси да има нарушување во исхраната доколку е роднина од прв степен на некој кој имал или моментално има пореметување во исхраната.[56] Студиите за близнаци, исто така, покажуваат дека барем еден дел од ранливоста за развивање на нарушување во исхраната може да се наследи, а постојат докази кои покажуваат дека постои генетски локус кој покажува подложност за развој на анорексија нервоза.[56] Околу 50% од случаите на нарушувања во исхраната се припишуваат на генетиката.[57] Други случаи се должат на надворешни причини или развиени проблеми.[58] Исто така, до однесување на прeкумерно јадење и прочистување, може да доведат и други невробиолошки фактори поврзани со емоционалната реактивност и импулсивност.[59]
Епигенетските механизми се средства околината влијае и ја менуваат генската експресија преку методи како што е метилацијата на ДНК; тие се независни од основната ДНК секвенца и не ја менуваат истата. Иако тие се наследни, исто така може да се појават низтекот на целиот животен век, но се потенцијално реверзибилни. Во различни нарушувања исхраната е присутна нерегулацијата на допаминергичната невротрансмисија поради епигенетските механизм[60] Други кандидати за гени за епигенетски студии за нарушувања во исхраната вклучуваат лептин, про-опиомеланокортин (POMC) и невротрофичен фактор добиен од мозокот (BDNF).[61]
Нарушувањата во исхраната се класифицирани како нарушувања на оската I[62] во Дијагностички и статистички прирачник за нарушувања на менталното здравје (DSM-IV) објавен од Американската психијатриска асоцијација. Врз нарушувањата во исхраната постојат разни други психолошки прашања кои се фактор за влијание, некои ги исполнуваат критериумите за посебна дијагноза на оската I или на нарушувањето на раствојство на личноста кое е означено со оска II. И истите се сметаат за коморбидни со дијагностицираното нарушување во исхраната. A, B и C се трите кластери на оската II каде се поттипизирани нарушувањата. Причиноста помеѓу растројствата на личноста и нарушувањата во исхраната допрва треба целосно да се утврди.[63] Некои луѓе имаат претходно нарушување што може да ја зголеми нивната ранливост за развој на нарушување во исхраната.[64][65][66] Некои ги развиваат потоа.[67] Се покажа дека сериозноста и видот на симптомите на нарушување во исхраната влијаат на коморбидитетот.[68] Имаше контроверзии околу различните изданија на дијагностичките критериуми на DSM, вклучувајќи го и последното издание, DSM-V,мај 2013 година.[69][70][71][72][73]
Оска I | Оска II |
---|---|
депресија[74] | опсесивно компулсивно растројство на личноста [75] |
злоупотреба на супстанции, алкохолизам[76] | гранично растројство на личноста[77] |
анксиозни нарушувања[78] | нарцисоидно растројство на личноста[79] |
опсесивно компулсивно нарушување[80][81] | хистрионско растројство на личноста[82] |
Нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание[83][84][85][86] | избегнувачко растројство на личноста[87] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.