Мултимедија е начин на прикажување на одредена содржина со истовремено користење на текстови, звуци, видео клипови и музика. Содржините прикажани мултимедијално најдобро и најинтересно може да бидат пренесени и разбрани од луѓето за кои се наменети. Мултимедијалните компјутерски програми имаат содржина која е комбинација од текстови, слики, фотографии, звуци, анимации, видео клипови и врски. Второспоменатите овозоможуваат со едноставно кликање на нив корисникот да се "шета" низ содржините на мултимедијалната програма. Мултимедијални програми се на пример: образовниот софтвер, компјуерски игри, мрежните , компјутерските симулации, енциклопедиите, програмите за презентација итн.
Терминологија
Терминот мултимедија е првпат употребен од пејачот и уметник Боб Голдстеин на промоција на неговото шоу во Саутхемптон, Лонг Ајленд, во јули 1966 година. Најверојатно Голдстеин знаел дека американскиот уметник Дик Хигинс две години претходно го употребил терминот „интермедија“.[1]
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.