Remove ads

Морска крава (Sirenia) се ред цицачи. Овие животни цел живот се во вода. Можат да се најдат во мориња, реки, и мочуришта. Денес постојат 4 вида од 2 семејства. Семејството ламантини (Trichechidae) вклучува три вида, семејство дугонги (Dugongidae) само еден (тука припаѓал и исчезнатиот вид Стелерова морска крава).

Кратки факти Морска крава (Sirenia), Научна класификација ...
Морска крава (Sirenia)
Thumb
Северноамерикански ламантини (Trichechus manatus)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Хордови
Подред: Преживари
Семејство: Морски крави
Затвори

Морските крави се појавиле пред 50 милиони години, во текот на еоцен. Тие се единствените морски цицачи кои се тревопасни животни. Најблиски роднини им се слоновите. Нивните предни нозе се адаптирани за пливање, како и опашката, додека задните нозе се закржлавени и скриени под мускулите. Ламантини и дугонга се разликуваат помеѓу себе според обликот на черепот и опашката. Опашката на дугонг е слична како кај китот, додека кај ламантиниот е заобелен, како весло.

Латинското име доаѓа од зборот сирена од старогрчката митологија.[1][2]

Remove ads

Видови

  • Ред Морски крави (Sirenia)
    • Семејство Dugongidae
      • Род Dugong
        • Вид Дугонг (Dugong dugon)
      • Род Hydrodamalis
        • Вид †Стелерова морска крава (Hydrodamalis gigas)
    • Семејство Trichechidae
      • Род Trichechus
        • Вид Северноамерикански ламантин (Trichechus manatus)
        • Вид Амазонски ламантин (Trichechus inunguis)
        • Вид Африкански ламантин (Trichechus senegalensis)

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads