Мопедите се мотоцикли од 50 кубни сантиметри, со брзина која е законски ограничена на 45 км/ч. Овие мотоцикли се исто така познати под името скутер или веспа. Во скоро сите држави од светот право на управување на велосипед со мотор или мопед имаат сите лица кои наполниле 14 години. Во сите правилници на сообраќајот, мопедите мора задолжително да се движат по велосипедска патека, доколку иста таква не постои, мопедите мора да се движат на најмногу еден метар растојание од работ на патиштата. Задолжително е носењето на кацига. Во сите прирачници за мопедите се наведува дека најпожелно е да се носи облека со посветла боја, поради безбедносни причини. Новите мопеди се доста модернизирани и имаат голема примена низ големите градови, поради тоа што не трошат многу гориво и не ја загадуваат животната средина. Сите мопеди произведени од 2005 година па наваму ги исполнуваат најсовремените стандарди за заштита на животната средина (во Европа тоа се euro2 i euro3). Најголеми светски производители на мопеди се: Јамаха, Пјаџо, Џилера, Пежо, Априлија, Малагути, Каџива, CPI, Дерби, MBK, Хонда,Хамачи
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.