From Wikipedia, the free encyclopedia
Моник Адолф (француски: Monique Adolphe; 23 јули 1932 , во Париз[1]) е француски научник и истражувач во областа на цитологијата. Таа е една од пионерите на култура на вонтелесни клетки и нејзините примени во алтернативите за животинско тестирање. Таа е добитник на Орденот на Почесната легија, како и на бројни други одликувања и награди.
По нејзиното фармаколошко стажирање во Хотел-Дие де Париз под менторство на Жан Чејмол во 1950-тите, Моник Адолф во 1960 ги насочува своите истражувања во полето на култура на клетки. Со Пол Лехат се жестоки застапници на идејата за алтернативни методи при животинското тестирање, промовирајќи употреба на вонтелесно оплодување, во исто време препознавајќи ги и границите на овие методи.[2]
Голем дел од нејзината истражувачка кариера е посветена на проучување на 'рскавицата и хондроцитите.[3] Како Истражувачки директор на Лабораторијата за клеточна фармакологија при Школата за истражување до 1997, таа обучува голем број млади научници за методите на култура на клетките. Во 1986 го основа Société de pharmaco-toxicologie cellulaire ("Друштво за клеточна фармако-токсикологија") (СПТЦ).
Од 1990 до 1994 Моник е претседател на École pratique des hautes études. На 7 јануари 2009 станува претседател на Académie Nationale de Pharmacie ("Национална академија за фармација")[4][5] во рок од една година - првата жена на оваа позиција уште од основањето на Академијата во 1803.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.