From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаило Петровиќ-Алас (српски: Михаило Петровић Алас) (Белград, 6 мај 1868 — Белград, 8 јуни 1943 ) - српски математичар, професор на Универзитетот во Белград, академик на Српската академија на науките и уметностите и речен рибар (алас) по што го добил и својот прекар.
Михаило Петровиќ Михаило Петровић | |
---|---|
Михаило Петровиќ-Алас, фотографија од 1905 година | |
Роден(а) | 6 мај 1868 Белград, Кнежевство Србија |
Починал(а) | 8 јуни 1943 75) Белград | (возр.
Живеалиште | Кралство Југославија |
Националност | српско |
Полиња | математичар |
Установи | Универзитет во Белград Српска кралска академија |
Образование | Универзитет во Белград Екол нормал сипериор (École normale supérieure) |
Докторски ментор | Шарл Ермит Шарл Емил Пикар |
Докторанди | Младен Бериќ Милош Радојчиќ Данило Михњевиќ Драгољуб Марковиќ Сима Марковиќ Јован Карамата Радивој Кашанин Драгослав Митриновиќ Константин Орлов Тадија Пејовиќ Иван Арновљевиќ |
Познат по | Диференцијални равенки |
Роден бил на 6 мај (25 април по јулијанскиот календар) 1868 година во Белгра, недалеку од конаците на кнегињата Љубица, како прво од петте деца[1] на Никодим, професор на богословијата, и Милица, родена Лазаревиќ, ќерка на прота Новица Лазаревиќ.[2]
Во периодот 1878-1885 година ја завршил Првата белградска гимназија во генерација на Милорад Митровиќ, Јован Цвииќ, Павле Поповиќ и други великани, за што е напишан роман и е снимен ТВ-филмот „Шеширот на професорот Коста Вујиќ“, а потоа се запишал на Природно-математичкиот отсек на Филозофскиот факултет во Белград. Студиите во Белград ги завршил во 1889 година. После тоа, во септември 1889 година отишол во Париз за понатамошно школување и спремање за приемен испит на Екол нормал сипериор (Виша нормална школа), научен отсек. На Сорбона, во 1891 година дипломирал на математички науки , а физички науки во 1893 година. Како најдобар студент на својата генерација присуствувал на прием кај претседателот на Франција во 1893 и 1894 година. Докторирал на 21 јуни 1894 година на Сорбона, а во комисија му биле професорите Шарл Ермит, Шарл Емил Пикар и Пол Пенлеве, и се стекнал со степен Docteur és sciences mathematiques (доктор на математички науки). Докторатот му бил од областа на диференцијални равенки.[3]
Во 1894 година станал професор на математичката група предмети на Големата школа во Белград, на тоа место го наследил Димитрије Нешиќ, а при изборот имал само еден глас повеќе од противкандидатот Петар Вукиќевиќ. Кралот Александар Обреновиќ со свој указ од 22 октомври 1894 година го поставил за професор по математика на Големата школа.[4] Алас во тоа време бил еден од најголемите стручњаци во светот на диференцијалните равенки. Им предавал на многу генерации студенти, сè до одењето во пензија во 1938 година. Во 1897 година станал дописен член ан Српската академија на науките и уметностите и дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб. Редовен член на САНУ станал во 1899 година кога имал 31 година. Бил член на академиите во Прага, Варшава и Букурешт, и член на повеќе научно-математички друштва ширум светот.[5]
Конструирал хидроинтегратор и со него го освоил златниот медал на Светската изложба во Париз во 1900 година.[6]
Кога во 1905 година Големата школа прераснала во Белградски универзитет, меѓу првите осум редовни професори кои потоа го бирале целиот наставен кадар бил и Михаило Алас. Предавал на Филозофскиот факултет на Универзитет во Белград каде бил декан во 1908/09 година.
Објавил голем број на пронајдоци, научни трудови, учебници и патописи од своите поморски патувања. Добил голем број награди и признанија и бил член на неколку странски академии на науки (Прага, Букурешт, Варшава, Краков) и научни друштва. Во 1927 година, после смртта на Јован Цвииќ, академиците го предложиле за претседател на академијата, но властите не го прифатиле овој предлог. Причина за тоа најверојатно била тоа што Михаило Петровиќ-Алас бил првиот приватен професор, ментор а подоцна и близок пријател на Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, братот на кралот, кој бил уапсен во 1925 година и се наоѓал во домашен притвор. Уште повеќе, наводното „пријателство“ подразбирало и сексуална врска. ",[7]
Во 1931 година, академиците едногласно го предложиле Петровиќ за претседател на САНУ, но властите повторно не го прифатиле нивниот предлог. Во 1939 година станал почесен доктор на Универзитетот во Белград. Истата година награден е со кралскиот орден Свети Сава од прв ред.
По својата научна работа и резултатите Михаило Петровиќ-Алас спаѓа во најголемите српски математичари, единствен математичар меѓу 100 најзнаменити Срби. Неговата заслуга е посебно голема што бил основач на белградската математичка школа, од која произлегле голем број на негови ученици кои го продолжиле неговото дело. Сите докторски дисертации по математика одбранети на Белградскиот универзитет од 1912 година до Втората светска војна, биле под негово менторство.
Бил учесник на Балканските војни и Првата светска војна како офицер, а после војната бил резервен офицер.
Се занимавал со криптографија, неговите системи за шифрирање биле користени од војската сè до Втората светска војна. Во 1941 година повторно е повикан во војна како резервен офицер, Германците го заробиле но после некое време го ослободиле благодарение на интервенцијата на принцот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, кој за него интервенирал кај својата тетка Елена Савојска, кралицата на Италија.[8]
Професорот Михаило Петровиќ умрел на 8 јуни 1943 година во својот дом на Косанчиќев венец во Белград. Погребан е на Новите гробишта во Белград на 9 јуни 1943 година, а со говор се опростиле од него епископот браничевски Венијамин Таушановиќ, академикот Милутин Миланковиќ и ректорот на Белградскиот универзитет Никола Поповиќ. ]].[8]
Неговата куќа во Белград изградена во 1910 година, дело е на архитектот Петар Бајаловиќ и е под заштита на државата како споменик на културата.
Се занимавал со рибарство од каде произлегува неговиот прекар Алас. Во 1882 година станал рибарски чирак, во 1888 година рибарски калфа, а во 1895 година положил испит за рибарски мајстор. Учествувал во донесувањето на првиот „Закон за слатководен риболов“ на езерата и реките во Србија во 1898 година. На меѓународната изложба во Торино во 1911 година добил златен медал за изложените експонати од рибарство. Рекорден лов имал во 1912 година кога уловил сом од 120 кг. Не бил само љубител, туку и добар познавач на рибарството, па во тоа својство учествувал во преговорите за склучување конвенција за риболов со Романија, како и во преговорите за заштита на риболовот на Сава, Дунав и Дрина во Австроунгарија. Бил една од најпопуларните личности на Стар Белград, познат како Мика Алас.
Свирел виолина, во 1896 година го основал свирачкото друштво со име „Суз“.
Михаило Петровиќ бил страстен патник, ги пропатувал сите европски земји и ги запознал нивните главни градови, а бил и на Северниот и Јужниот Пол. Пишувал патописи, а го напишал и романот „Роман на јагулата“. Ја објавил книгата „Ѓердапските риболови во минатото и сегашноста“.
Деветтата белградска гимназија го носи неговото име, како и една белградска основна школа.
Изданија на комплетните дела:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.