From Wikipedia, the free encyclopedia
Мирон Бјалошевски (полски: Miron Białoszewski; 30 јуни 1922, Варшава - 17 јуни 1983, Варшава) - полски поет, писател, драматург и глумец.
Бјалошевски стапил на книжевната сцена со задоцнување - својата прва поетска збирка ја објавил на возраст од 35 години. Претходно пишувал поезија за себе, без надеж за објавуавње на неговите песни. Појавата на неговата прва поетска збирка претставувала доказ за големиот пресврт во повоената полска поезија - оддалечувањето од социјалистичкиот реализам. Тој е единствениот вистински боем во современата полска поезија; неговата поезија е многу реалистична, а тој пее за нештата што го опкружуваат, и тоа за најобичните нешта; пишувал „лирика пред спиење“, балади за одењето на продавница итн., и сето тоа не личи на ништо од она што е објавено пред него. На светот околу себе тој гледа како на збир на неразбирливи појави, но не се обидува да го менува светот. Во неговата поезија се манифестира доследна егоцентричност во која тој ги прима впечатоците за светот околу него само онака како што тие се одразуваат во неговата фантазија. За да ги изрази, тој ги користи не само зборовите, туку и корените на зборовите, наставките, па дури и само со ономатопејски звуци. Спојувајќи два или повеќе елементи на познатите поими тој создава сосема нова симболика и ново значење. Во тој поглед, често оди во крајности, особено во отфрлањето на сето она што го смета за вишок и, како последица на тоа, неговите песни и антидрами често се непреводливи и нечитливи дури и за најголемите познавачи на неговото творештво. Бјелошевски е тежок поет и претставува единствена појава во полската поезија, зашто не може да се имитира и повторува. Сепак, иако неговиот стил е неповторлив, тој извршил значајно влијание врз современите полски поети.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.