Remove ads
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Страшимир (Мире) Анастасов (9 октомври 1910 во Кратово — 1998 во Скопје) — македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба и затвореник на Голи Оток.[1][2]
Мире Анастасов | ||
Роден | 9 октомври 1910 Кратово, Косовски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1998 Скопје, Македонија |
Анастасов во 1927 година станува член на СКОЈ и раководител на СКОЈ во Куманово. Додека во 1928 е примен во членство на КПЈ. Од 1928 до 1932, студирал на Техничкиот факултет на Универзитетот во Гент, Белгија и во Гренобл, Франција. Во 1934 година, кога Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија е преместен во Куманово, Анастасов е избран за секретар на Покраинскиот комитет. Во 1935 година, како делегат од Македонија, учествува на Сплитскиот пленум на ЦК КПЈ.
По провалата на Земското биро на КПЈ во Загреб, во 1929 година доаѓа до провала и во партиската организација во Македонија, а меѓу уапсените и затворените е и Анастасов. Повторно е затворен во 1934-1935 година.[3] Казната од три години затвор (1936-1939) ја издржува во Сремска Митровица, кога бил и исклучен од КПЈ. По излегувањето од затвор се вклучува во активностите на КПЈ, иако привремено е отстранет поради ставот во врска со ликвидирањето на фракцијата на Петко Милетиќ.
За време на окупацијата на Македонија во Втората светска војна, по иницијатива на Павел Шатев се сели во Софија каде е вклучен во разузнавачките активности на советската разузнавачка служба. Во 1943 неговата група е разоткриена од бугарската власт, а Анастасов е осуден на смрт. Сепак, казната му е заменета со доживотна казна затвор. Затворот го издржувал во Софија, Пазарџик и Ќустендил.[1]
Ослободен е по превратот во Бугарија во септември 1944 година и станува политички комесар на бригадата „Гоце Делчев“.[4]
По своето враќање на Македонија, Анастасов на 27 октомври 1944 е кооптиран за член на АСНОМ,[1][2][5] а потоа зазема високи функции во власта (повереник во Президиумот на АСНОМ, претседател на Врховниот суд). Во 1945 година е назначен за југословенски амбасадор во Белгија и Луксембург, на која должност ќе остане три години, до 1948 година, кога е отповикан од амбасадорската функција.
Иако отворено не ја напаѓа позицијата на КПЈ во спорот со Информбирото, Анастасов е деградиран до помошник министер во македонското министерство за труд. Учествува како делегат на Првиот конгрес на КПМ. Во 1949 е уапсен и е обвинет како информбировец, на пет години затвор,[1] по што е испратен на Голи Оток, каде останува до 1954 година.[3] Причината за неговото отстранување никогаш не била објавена, но веројатно е дека поради врските со советските разузнавачки служби, во годините на советско-југословенскиот судир е затворен од предострожност, без обвинение или судење - како и Павел Шатев.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.