Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Милован Глишиќ (Предлошка:Lanrg-sr), (Градац, 19 јануари 1847 – Дубровник, 1 февруари 1908 )) — српски писател, драматург, преведувач и книжевен теоретичар.
Милован Глишиќ Милован Глишић | |
---|---|
Милован Глишиќ околу 1900 година | |
Роден/а | 19 јануари 1847 Градац, крај Ваљево, Кнежевство Србија |
Починат/а | 1 февруари 1908 61) Дубровник, Австроунгарија | (возр.
Занимање | писател, драматург, преведувач |
Националност | Србин |
Апсолвент на | Белградски универзитет |
Книжевно движење | реализам |
Значајни дела | „Грутка шеќер“ и др. |
Милован Глишиќ е роден на 7 (ст. кал.)/19 (нов кал.) јануари 1847 година, во село Градац покрај Ваљево од татко Ѓорѓе и мајка Јевросима. Во неговото село немало училиште, но родителите го подучувале, и го научиле да пишува. Вака подготвен, Милован Глишиќ во Ваљево веднаш бил примен во второ одделение во основното училиште. Кога во 1864 година запишал Белградска нижа „теразиска“ гимназија, веќе имал седумнаесет години. Поради сиромаштија сам морал да се снаоѓа, а материјалната положба му се влошила кога во 1865 година починал татко му. Потоа започнал да учи техника на Големото училиште (српски: Велика школа), но по две години ја остава техниката и учи филозофија во истoто училиште. Кога го прекинал школувањето, поставен е за коректор на државната печатница. Глишиќ работел различни работи, кои можел да ги најде. Иако ова му одземало многу време, сепак бил добар ученик. Покажувал интерес не само за училишни предмети; многу читал и учел руски, француски и германски. Бил во два наврата уредник на официјалниот „Српски весник“(„Српске новине“), во друго време драматург во Народниот театар (Народно позориште) и кон крајот на животот бил помошник на управникот на Народната библиотека (Народна библиотека). Бил и главен уредник на Српски весник (Новине Србске).
Бил оженет со една од петте ќерки на богатиот белградски трговец Никола Стефановиќ. По разводот живеел во соба во хотелот „Национал“ под Калемегдан. Неговата сестра Станка Глишиќ била професор и преведувач од француски и руски, ги напишала „Мои спомени“ („Моје успомене“) во 1933 година.
Починал во [Дубровник] на 1 февруари 1908 година каде бил поради лекување од туберкулоза. Погребан е на 6 февруари 1908 година во Дубровник. Негови најпознати дела се: „Прва бразда“, „Грутка шеќер"[1] („Глава шећера"), „Рога“, „Свирач“ и други.
Глишиќ својата книжевна работа ја започнал како преведувач во сатирични листови, а потоа преминал на творење оригинален раскау. Неговата оригинална работа опфаќа две театарски дела, „Два цванцика“ и „Измама“ („Подвала“), и две збирки раскази. Во збирките се, покрај останатите, неговите популарни хумористични и сатирични приказни: „Грутка шеќер" („Глава шећера"), „Рога", „Прошетка после смртта“ („Шетња после смрти“), „Злокобен број“ („Злослутни број“), „Редок ѕвер" („Редак звер"); гатанката „После деведесет години“ („После деведесет година“) и лирската скица „Прва бразда". Глишиќ намногу работел на преведување од руска и француска книжевност и во осумдесеттите години бил главен и најдобар преведувач од руски и француски. Совесен и талентиран преведувач, а и одличен познавач на народниот јазик, тој најмногу придонел за запознавање на српската публика со големите руски пистели и значајно влијаел со своите преводи на развојот на книжевниот јазик и стил. Најдобри и најважни преводи од руски јазик му се: „Мртви души“ („Мртве душе“) и „Тарас Буљба“ од Гогољ, „Крајцерова соната“ и „Војна и мир“ („Рат и мир“) од Толстој, „Обломов“ од Гончарова. Од француски го преведувал Балзак („Шагринска кожа“), Мериме („Коломба"), Жил Верн и други. За театарот превел преку тресетина дела од руската, француската и германската книжевност.
Оригиналната книжевна работа на Милован Глишиќ не е голема: околу триесетина поголеми и помали раскази и две театарски дела. Неговите раскази значат новост во развојот на српскиот расказ. Глишиќ е основач на реалистичниот селски расказ со социјални и политички елементи. Глишиќ создава селски расказ во духот на напредните идеи, станувајќи во одбрана на селото и селанецот од градските зеленаши. Под влијание на руските писатели и своето селско потекло, тој во своите раскази го сака селото и селскиот патријалхален морал, а ја мрази чаршијата. Во неговите раскази сепак нема поголеми општествени и морални судири. Глишиќ трезвено и реално зборува за селото, не идеалиѕирајќи го и не разубавувајќи го. Вредноста на неговите раскази е во ведриот хумор и сатирата, во едноставниот стил и чистиот и убав јазик.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.