From Wikipedia, the free encyclopedia
Миле Станковски (Клечевце, 1954 ) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]
Миле Станковски | ||
Роден | 1954
Клечевце | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор |
Миле Станковски е роден во Клечевце, Кумановско во 1954 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1978 година, магистрирал во 1987, а докторирал во 1997 година. Дел од истражувањата за својата докторска дисертација завршил во Вулверхемптон, Велика Британија. По завршувањето на факултетот, се вработува во ФЗЦ „11 Октомври” во Куманово. Во текот на осумнаесетгодишното индустриско работно искуство поминува професионален развој до статус главен инженер, минувајќи низ неколку работни места, главно во службата за одржување. На Факултетот е вработен во 1997 година како асистент. Во 2000 година бил избран за доцент, во 2005 за вонреден професор, а во 20хх за редовен професор. Држи настава на поголем број предмети од областа автоматика и системско инженерство, како на додипломски така и на магистерски студии. Бил декан во мандатните периоди од 2008 до 2012 година и од 2012 до 2016 година.
Како автор или соавтор има објавено повеќе од 100 рецензирани научно-истражувачки трудови од кои дел во реномирани списанија. Автор е на глава од научната монографија Control of Complex Systems во издание на Springer Ltd од Лондон. Автор е на еден универзитетски учебник. Учествувал во повеќе од 10 научно-истражувачки проекти, од кои на еден билатерален и еден домашен бил главен истражувач. Носител е на повеќе од 50 апликативни проекти. Области од интерес му се: компјутерско управување на процеси, индустриско компјутерство, програмабилни логички управувачи, управување со водоснабдителни системи, SCADA системи, далечинско мерење и управување.[1][2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.