From Wikipedia, the free encyclopedia
Милан Јорданов Комненовски ( 1921 во Кучевиште, Скопје ― 25 февруари 1942 во Бојник, Лесковац, Србија) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Милан Комненовски | ||
Роден | 1921 година Кучевиште, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 25 февруари 1942 година Бојник, Лесковац, Србија |
Завршил основно училиште во селото, а потоа чувал добиток. Кон крајот на 1941 година добил позив за отслужување на кадровски рок во бугарската фашистичка војска. Но, иако не сакал да му служи на окупаторот, бил принуден да се пријави на повикот бидејќи, во тоа време Скопскиот партизански одред бил разбиен.
Меѓутоа, во почетокот на 1942 година избегал од касарната и се приклучил на Сврлишкиот партизански одред. Учествувал во акциите на одредот против непријателот. На 25 февруари 1942 година во една тешка борба против бугарската фашистичка војска, храбро загинал кај селото Бојник, близу до Лесковац.
Бил закопан на местото, каде што го дал својот живот за слободата на татковината.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.