Remove ads
Американски кошаркар From Wikipedia, the free encyclopedia
Метју (Мет) Роберт Бонер (англиски: Matthew (Matt) Robert Bonner) (роден 5 април 1980 во Конкорд, Њу Хемпшир) — поранешен американски професионален кошаркар кој играл во НБА лигата за тимот Сан Антонио Спарс. Негов прв тим беше Торонто Рапторс, каде што беше миленик на навивачите кои го викаа „Црвената ракета“, заради неговата црвена коса. Мет нема некои посебни физички предиспозиции, со исклучок на неговата височина од 208 cm. Тој е специјалист за шут за 3 бода. Бонер има настапувано и во послабите тимови во Италијанската кошаркарска лига, каде доигра една сезона иако тимот банкнотира и тој не беше платен. Мет е еден од најпаметните играчи во НБА,[1] и за време на неговата академска кариера, доби најниска оцена од 8ка, и тоа само еднаш. Можеби најславен момент на Бонер, е кога не му попушти на предизвиците на посилниот Кевин Гарнет, во меч меѓу Торонто Рапторс и Минесота Тимбервулфс, за која мини-тепачка Бонер беше избркан од мечот, но триумфално замина со двете раце кренати нагоре.[2][3]
Во 2008, со заминувањето на Роберт Хори во пензија, Мет доби поголема улога со „Спарси“. Тој исто така се ожени со Канаѓанка во 2008,[4] и најави потенцијално учество во дресот на Канадската кошаркарска репрезентација, слично како Американецот Крис Кејман кој настапува за Германија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.