Remove ads
споменички комплекс во с. Пелинце, Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Меморијален центар на АСНОМ — културно-историски и спортско-рекреативен центар во кумановското село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински.
Меморијален центар на АСНОМ | |
---|---|
Поглед на главниот дел од комплексот | |
Меморијален центар Пелинце | |
Општи податоци | |
Место | Пелинце, Македонија |
Земја | Македонија |
Координати | 42.281691° СГШ; 21.857976° ИГД |
Надм. височина | 377 м |
Почната | јуни 2004 г. |
Завршена | август 2005 г. |
Пуштена во употреба | 2 август 2004 |
Трошок за изградба | околу 2 милиони евра |
Нарачател | Влада на Република Македонија Министерство за култура |
Сопственик | Влада на Република Македонија |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Георги Константиновски |
Други проектанти | Рубенс Корубин и Илија Пенушлиски |
Главен изведувач | Бетон |
Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце (Општина Старо Нагоричане) на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, манастирот Св. Прохор Пчински.
Идејата да се изгради Меморијален центар на АСНОМ, се родила откога почнале проблеми со одбележувањето на заседанието на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ на територијата во Србија. Тензиите се зголелиле откако српскиот радикал Воислав Шешељ насилно ги извадил спомен-плочите од заседанието на АСНОМ во 1998 година, така што изминатите години македонските делегации на празникот положувале венец кај чешмата во близина на манастирот.
Иницијативата за изградба на ваков центар дошла од страна на тогашниот министер за култура Благој Стефановски. Предлогот бил прифатен од страна на Владата. Идејата било да се изгради културно-историски споменик со рекреативни содржини, но без црква и манастирски комплекс, како што бил предлогот на господин Кирил.[1]
Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на 2 август 2004 година, во повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.
Комплексот има површина од 8,5 хектари, на него се наoѓаат: игралишта, ресторан, амфитеатар за приредби и музеј на АСНОМ во кој се пренесени спомен-плочите од Заседанието на АСНОМ што биле во манастирот Прохор Пчински. Проектант на Меморијалниот центар е архитектот Георги Константиновски. На фасадата на музејот се наоѓа монументален мозаик од 140 квадратни метри - Македонија дело на македонски сликар Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински“, во која се одржало Првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.