From Wikipedia, the free encyclopedia
Мед (турски: Bal) - турско-германско-француски филм од 2010 година, во режија на Семих Капланоглу. Главните улоги ги играат: Ердал Бешикчиоглу, Тулин Озен, Бора Атлаш и Алев Уџарер. Овој филм е последниот дел од т.н. „Трилогија за Јусуф“ со автобиографски елементи. Филмот се одликува со сиромашни дијалози, со долги кадри на природата и со одличен приказ на односите меѓу членовите на едно сиромашно селско семејство. Филмот добил позитивни оцени од критиката, а ја освоил и „Златната мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.[1]
Јусуф (го игра Атлаш) е сиромашно дете кое живее во планинско село во Турција. Тој е тивок, повлечен, ретко зборува, на училиште не игра со другарите и не е добар ученик. Единствено, тој е многу приврзан кон татко му, кој одгледува пчели. Бидејќи кошниците даваат сè помалку мед, таткото заминува во шумата за да ги премести пчелите на подалечно место. Поминуваат неколку дена, но таткото не се враќа дома. Дента кога Јусуф е пофален од училиштето, во неговиот дом доаѓаат полицајците со веста дека таткото е мртов. Кога ги здогледува насобраните луѓе, Јусуф бега во шумата каде што заспива.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.