Remove ads
полски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Маќеј Патерски (полски: Maciej Paterski; р. 12 септември 1986 ) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Сантик-Вибатех.[1]
Патерски на Брабантсе Пејл 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Маќеј Патерски | ||
Роден | 12 септември 1986 Калиш, Полска | ||
Висина | 1,87 м | ||
Маса | 69 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Сантик-Вибатех | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
2009 | Ликвигас (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2010–2013 2014–2017 2018- | Ликвигас-Доимо ЦЦЦ-Полсат-Полковице Вибатех Меркс 7Р | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 31 август 2020 |
Патерски го напуштил Канондејл[2] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на ЦЦЦ-Полсат-Полковице за сезоната 2014.[3] Имал прилично успешна сезона 2014, победувајќи на Трката околу Норвешка и освојувајќи го планинскиот пласман на домашната Трка околу Полска. Подоцна во сезоната, победил и на Меморијал Хенрик Ласак. Сезоната 2015 ја започнал во добра форма, завршувајќи на шестото место на Вуелта а Мурсија и победа на првата етапа на Волта а Каталуња. На крајот на април, Патерски преовладувал на новата Трка околу Хрватска, каде го освоил крајниот пласман, бодовниот и планинскиот пласман, како и две етапи.[4] Во август го освоил планинскиот пласман на Трката околу Полска 2015 втора година по ред. Сезоната 2016 се покажала послаба за Патерски со само дна победа, шестата етапа на трката Балтик-Карконоше, каде завршил на второто место. Друг успех бил и шестото место на трката од Светската турнеја, ГП Западна Франција. Сезоната 2017 била поуспешна за Патерски и победи на трката Малополска, Шлакјем и Куп Карпати.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.