Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Матија Корвин (унгарски: Corvin Mátyás, хрватски: Matija Korvin, чешки: Matyáš Korvín, латински: Matthias Corvinus) познат и како Матија или Матијаш Хуњади (унгарски: Mátyás Hunyadi, хрватски: Matija Hunjadi, чешки: Matyáš Hunyadi, латински: Matthias Hunyadi; Клуж, 23 февруари 1443 — Виена, 6 април 1490), бил унгарски крал (1458—1490) и австријски војвода (од 1486 година), а од 1469. година полагал право и на чешката кралска круна, за која водел борби најпривн со Јиржи Подјебрадски, а потоа и со Владислав II Јагелонски.
Како син на Јанош Хуњади, војвода од Трансилванија, Матија Корвин бил изабран а крал во 1458 године и тој бил последниот унгарски владетел кој успеал да ги среди внатрешните прилики во Унгарија и да воспостави силна кралска власт.[1][2] Времето на династијата Корвин е период на најголемиот подем на унгарската држава. Матија Корвин најпрвин се потпирал врз ниското и средното благородништво, а потоа и на моќта на градовите. Во тој период, секоја година се свикувал Државниот собор, при што биле одржувани и жупаниски собори или конгрегации на кои учествувале и претставници на градовите, кои давале голема материјална поддршка за освојувачките походи на Унгарија.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.