кралица на Данска From Wikipedia, the free encyclopedia
Маргарета II (целосно име: Маргарете Александрине Торхилдур Ингрид: дански: Margrethe Alexandrine Þórhildur Ingrid, родена на 16 април 1940 година во Копенхаген) ― кралица на Данска. Владеела како монарх на Данска повеќе од 50 години, пред да абидица во полза на нејзиниот син Фредерик X.
Маргарета II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Маргарета II во 2012 | |||||
Кралица на Данска | |||||
На престол | 14 јануари 1972 – 14 јануари 2024 | ||||
Претходник | Фредерик IX | ||||
Наследник | Фредерик X | ||||
Роден(а) | 16 април 1940 Копенхаген, Данска | ||||
Сопруг | Анри-Мари-Жан-Андре де Лаборд де Монпезат (в. 1967; d. 2018) | ||||
Деца |
| ||||
| |||||
Династија | Гликсбурговци[1] | ||||
Татко | Фредерик IX Дански | ||||
Мајка | Ингрид од Шведска | ||||
Потпис |
Принцезата Маргарета е родена на 16 април 1940 година во комплексот на палатата Амалиенборг, главната резиденција на данското кралско семејство во областа Фредериксштаден во центарот на Копенхаген. Таа била прво дете на престолонаследникот и принцезата (подоцна кралот Фредерик IX и кралицата Ингрид). Нејзиниот татко бил постар син на тогашниот крал Кристијан X, а нејзината мајка била единствена ќерка на шведскиот престолонаследник (подоцна кралот Густаф VI Адолф ). Се родила само една недела по инвазијата на нацистичка Германија врз Данска (9 април 1940 година).[2]
Името Маргарета го добила по нејзината покојна баба по мајка, престолонаследничката принцезата Маргарет од Шведска; Александрина по нејзината баба, кралицата Александрина; Ингрид по нејзината мајка. Затоа што нејзиниот дедо по татко бил и крал на Исланд, таа го добила исландското име Торхилдур.[3]
Во 1944 година, се роди нејзината помлада сестра принцезата Бенедикт. Нејзината втора сестра, принцезата Ана-Мари, е родена во 1946 година. Ана-Мари подоцна се омажила за кралот Константин II Грчки и живее во Грција.
Во Данска, само машките деца можеле да седнат на престолот. Бидејќи Маргрета немала браќа, се претпоставувало дека нејзиниот вујко принцот Кнуд еден ден ќе го преземе престолот.
Во 1947 година започнал процес за промена на уставот. Тоа се случило откако таткото на Маргрета стапил на престолот и веќе било јасно дека кралицата Ингрид нема да има повеќе деца. Популарноста на Фредерик и неговите ќерки и поистакнатата улога на жената во данскиот живот го започнаа комплицираниот процес на измена на уставот. Законот барал предлогот да биде усвоен од два последователни парламенти, а потоа и на референдум, кој се одржал на 27 март 1953 година. Новиот закон за наследување дозволувал и женски деца да го наследат на престолот на Данска, при што таа може да се качи на престолот само ако нема брат. Принцезата Маргрета станала престолонаследник.[2] Во 2009 година, законот за наследување бил променет во апсолутна првороденост.[4]
За време на престојот на принцезата Маргрета во Лондон, таа се сретнала со францускиот дипломат, Анри-Мари-Жан-Андре де Лаборд де Монпезат. Нивната свршувачка била објавена на 5 октомври 1966 година, а се венчале на 10 јуни 1967 година во црквата Холмен во Копенхаген.[2] Тие биле во брак повеќе од педесет години, до неговата смрт на 13 февруари 2018 година.[2]
На 26 мај 1968 година принцезата Маргрета го родила своето прво дете. Според традиција, данските кралеви биле наизменично крстени Фредерик или Кристијан. Таа ја зачувала традицијата и го крстила синот Фредерик. На 7 јуни 1969 година, им се родило и второто дете, по име Јоаким.[2]
Кралот Фредерик IX починал на 14 јануари 1972 година. Маргарета стапила на престолот на 31-годишна возраст. Таа е прва жена која станала дански монарх. На 15 јануари 1972 година, премиерот Јенс Ото Краг ја прогласил за кралица на балконот на палатата Кристијансборг. Кралицата Маргарета Втора се откажала од сите поранешни монашки титули на освен титулата на Данска, па оттука и нејзиниот стил „Со милоста Божја, кралица на Данска“ (дански: Margrethe den Anden, af Guds Nåde Danmarks Dronning ). Кралицата го избрала мотото : Божја помош, љубовта на народот, Данска сила. [5]
Златниот јубилеј на кралицата бил одбележан на 14 јануари 2022 година, а прослави се одржувале подоцна истата година.
Во новогодишното обраќање на 31 декември 2023 г. Маргарета најавила дека ќе абдицира во ползса на нејзиниот син Фредерик од здравствени причини, особено операциите на грбот кои значително ѝ го отежнале вршењето на должностите.[6] Престолот го предала на 14 јануари 2024 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.