археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
За современата црква, видете Црква „Св. Никола“
„Манастир Св. Никола“ | |
| |
Местоположба | 41°10′05″N 21°43′41″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Манастир |
Општина | Прилеп |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Манастир Св. Никола— археолошко наоѓалиште во прилепското село Манастир. Претставува средновековна црква и некропола.
Во непосредната близина на селото, од јужната страна се наоѓа манастирската црква „Св. Никола“, која е трикорабна базилика и со две фази на градба. Постарата црква била подигната во 1095 година, а поновата (сегашната) во 1266 година и живописана во 1271. Пред влезот, како и во црквата, има мермерни сполии од римското време, а на просторот околу неа и средновековна некропола. Во текот на конзерваторските работи на црквата се преземени и археолошки ископувања во северниот дел на манастирскиот двор каде што се откриени 12 гроба со конструкции од камени плочи или делумно оградени со камен. Според гробните прилози, некрополата била употребувана во XIV до XV век.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.