From Wikipedia, the free encyclopedia
Малоантилската игуана (Iguana delicatissima) е еден од двата вида на родот игуана. Ендемски е на Малите Антили и е во големо опаѓање поради уништувањето на животната средина, грабливците, ловот и мешањето со неговиот сестрински вид на зелена игуана.
Малоантилска игуана | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Семејство: | Игуани |
Род: | Игуана |
Вид: | Малоантилска игуана |
Научен назив | |
Iguana delicatissima Laurenti, 1768 | |
Малоантилската игуана е распространета низ шумите, прашумите и крајбрежната вегетација на островите Ангвила, Свети Мартин, Антига, Гваделуп, Доминика и Мартиник. Таа е и одличен пливач и бега и нурнува во вода во случај на опасност. Забележан е случај кога останала под вода 28 минути.[1]
Најочигледната разлика со зелената игуана е недостатокот на кружната плочка на образот под ушниот канал. Бојата се движи од сива до зелена.
Игуаните се претежно хербиворни, се хранат со лисја, цветови, овошје и млади ластарки од над сто разни видови растенија.[2] Ова им претставува проблем за осморегулацијата бидејќи растителната материја содржи повеќе калиум, а помалку хранливи состојки во единица материја; затоа игуаните имаат развиено странична носна жлезда преку која се излачува вишокот на соли на калиум и натриум.[3]
Бидејќи е ранлив вид, малоантилската игуана е ставена на црвената список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата. Таа е заштитена од лов со закон, но спроведувањето на оваа заштита е многу тешко поради недостапноста на терените кајшто живее. Покрај ловот, малоантилската игуана исчезнува и поради мешањето со зелените игуани, а и поради уништувањето на животниот простор за земјоделски потреби од страна на луѓето. Други закани се кучињата, мачките и мунгосите. [4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.