Remove ads

Македонмитски предок на Античките Македонци.[1] Според една легенда Македон бил син на Зевс и Тија, ќерката на Девкалион, и брат на Магнет.[2] Според имињата на неговите синови наречени се античкомакедонските градови Пиереја и Аматија. Константин VII Порфирогенит (913 — 959), потпирајќи се на постари извори (Хесикиј од Александрија (V век п.н.е.) вели дека името Македонија доаѓа од името на митскиот јунак Македон. Покрај овој податок зачувани се уште три схолии (коментари) според кои:

  • Македон е син на Дион и Аитхија,
  • Македон е син на Диос и Аитхија
  • Македон е син на Диос и Аитхрија

Според Аполодор Атински (II век п.н.е.) Македон е син на аркадискиот крал Ликаон кој имал 50 сина.

Според Диодор Сицилиски (I век п.н.е.) Македон бил син на египетскиот бог Озирис. Кога Озирис тргнал да го освојува светот со себе ги повел и своите синови Анубис и Македон. Браќата биле одлични воини, но со различни карактери, првиот потсетувал на куче, а вториот на волк, поради што Анубис бил наметнат со кучешка кожа, а Македон носел волчја глава како симбол. Откако во Тракија го убил кралот Ликург, Озирис го прогласил Македон за крал во земјата која по него го добила името Македонија.[2] Синовите на Македон станале епоними за повеќе области, градови, планини и реки во Македонија.[2]

Remove ads

Извори

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads