From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски глас е пирински весник, чиешто прво издание се појавило во јули 2004 година.
Насловна страница на весникот. | |
Тип | периодичен весник |
---|---|
Сопственик | Пирински македонски информациски центар |
Основан | јули 2004 |
Јазик | бугарски и македонски |
Седиште | Благоевград[1] |
Тој излегува како периодичен билтен на борците за правата на Македонците во Бугарија и се печати на бугарски јазик. Весникот објавува податоци за состојбите во бугарското општество, а кои се однесуваат на положбата на Македонците. Весникот има големо значење во понатамошното демократизирање на бугарското општество, особено поради фактот што во него можат да се прочитаат такви работи кои најчесто се премолчувани од другите весници во Бугарија.
На 31 јануари 2011, бугарските власти го заплениле целокупниот тираж на весникот, додека сопственикот на печатницата на весникот и еден тамошен вработен биле преведени во полиција. Официјално немало известување за ваквата акција, а неофицијално ова е како последица на повикот на весникот до сите Македонци во Бугарија да се попишат како Македонци за време на пописот во државата во 2011.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.