Македонија во 1991 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Водачи
- Претседател - Киро Глигоров (од 27 јануари 1991)
- Премиер - Никола Кљусев (од 20 март 1991)
- Претседател на Собранието - Стојан Андов (од 8 јануари 1991)
Настани
јануари
- 7 јануари - Започна да работи МРТ собранискиот канал како Канал 3 на Телевизија Скопје.
- 8 јануари - Се одржа првата конститутивна седница на повеќепартиското Собрание на Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформските сили.
- 9 јануари - Претседателството на СФРЈ усвојува наредба со која изречно се бара расформирање на сите нерегуларни вооружени формации на територијата на државата.
- 24 јануари - Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.
- 25 јануари - Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.
- 27 јануари - Киро Глигоров е избран за Претседател на Република Македонија.
февруари
- 1 февруари - Македонското собрание го избра Љубчо Георгиевски за потпретседател на Република Македонија.
март

- 20 март - Киро Глигоров му го доделува мандатот на експертската влада на Никола Кљусев.
- 20 март - По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на СРМ (наречена експертска). За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев. Заменик-премиер д-р Блаже Ристовски.
април

- 6- 7 април – Во Прилеп се одржува Првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, официјално Деветти.
- 16 април - Собранието го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот "Социјалистичка" пред името на Социјалистичка Република Македонија
- 18 април – Македонското собрание донесува одлука за промена на името на Радио телевизија Скопје во Македонска радио-телевизија.
- 19 април – Бугарските власти забрануваат собирање на Македонците крај гробот на Јане Сандански.
- 20 април - На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
мај
- 1 мај- Точно во 6 часот наутро во скопскиот етер започна да работи радиото "Канал 103".
- 6 мај - Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна Југославија. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.
- 7 мај - Претседателот Глигоров упати предлог за донесување на нов Устав на Македонија[1].
јуни
- 7 јуни - Со одлука на Собранието на СРМ, одредницата "Социјалистичка" од името на СР Македонија е изоставена и републиката го носи називот Република Македонија.
јули
- 7/11 јули - Прва официјална посета на Глигоров во странство, во Република Турција.
- 22 јули - Седница на Претседателството на СФРЈ во Охрид во проширен состав. Усвоена заедничка Изјава против употреба на сила.
август

- 1 август - Во Скопје е конститутирано првото повеќе-партиско Собрание на Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов пратеник од Сојузот на реформските сили.
- 2 август - Излезе во печат првиот независен македонски дневен информативен весник Република.
- 6 август - Донесена е одлука за распишување на референдум за независност на Република Македонија.
септември

- 2 септември - Во Скопје е формирано Геронтолошко друштво на Р Македонија.
- 8 септември - Во Република Македонија се одржа референдум "... за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија". Со мнозинство гласови референдумот беше усвоен.
октомври
ноември
- 9 ноември - Формирана е Социјалдемократската младина на Македонија.
- 17 ноември - Усвоен е Уставот на Македонија, прв по прогласувањето на сувереноста и самостојноста. (Поништено е старото комунистичко знаме на Македонија. Новото е воспоставено на 11 август 1992 (Сонцето од Кутлеш), но и тоа е поништено на 6 октомври 1995 г.).
- 19 ноември - Пратениците на Собранието на РM едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на земјата како суверена и независна држава.
- 20 ноември - Во Скопје, во Собранието, свечено е прогласен Уставот на РM, усвоен на 17 ноември 1991. Уставот беше бојкотиран од страна на ПДП.
- 26 ноември - Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.
декември
- 2 декември - Претседателот Глигоров упати писмо до шефовите на странските дипломатии и влади за признавање на Република Македонија.
- 15 декември - Во Скопје, во хотелот "Гранд", првпат се одржа манифестацијата Избор на најубава Ромка во РМ. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.
- 23 декември - Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија. За претседател е избран Нано Ружин.
Remove ads
Култура

Музика
- Формирана е групата Ареа.
- Формирана е групата The Most Wanted
- Формирана е групата Против Сите.
- Формирана е групата Рок агресори.
- Формирана е групата Т.Б. Трачери.
- Формирана е групата Паркети.
- Формирана е групата Водолија.
- Воскреснување, албум на Симеон Иванов - Канго.
- Архангел 1, албум на Архангел.
- Свјат Дримс, албум на Мизар.
- Октомвриски дождови, албум на Меморија.
- Започна да работи Канал77.
- Започна да работи Канал 103.
Филм и телевизија

- Започна да работи Телевизија Арт.
- Започна да работи КТВ Телевизија.
- Тетовирање, филм во режија од Столе Попов.
- Поштар, филм во режија од Богдан Поп Ѓорчев.
- Македонија може, телевизиска серија.
- Опстанок, телевизиска серија.
- Заминувањето од Пасквелија, филм.
Книги и списанија
- Започна да излегува весникот Република.
- Крсте П. Мисирков, Одбрани страници од Блаже Ристовски.
- Прогонети од Ставре Џиков.
- Народни приказни, преданија и обичаи кај Египќаните (Еѓупците) во Македонија од Стојан Ристески.
- Една голооточка голгота од Стојан Ристески.
- Една необјавена македонска граматика од Стојан Ристески.
Објекти
- Осветена е црквата Св. Атанасиј во Фалише.
- Осветена е црквата Св. Атанасиј во Усје.
- Црква „Св. Богородица“ - Ботун (нова).
- Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
Останато
- Основана Унија на независни и автономни синдикати на Македонија.
- Основана издавачката куќа “Кукуш 1913“, преку која се издаваше весникот “Пиринска камбана“ на чело со Атанас Кирјаков.
Спорт
- Зоран Шоров е прогласен за најдобар спортист на Македонија.
Фудбал
- Формирана е навивачката група Гемиџии.
Кошарка
- Формиран КК Македонија '91
Починати
- 10 јануари - Александар Лазаров, македонски професор.
- 16 јануари - Густав Влахов, македонски револуционер, политички работник, дипломат.
- 29 јануари - Иван Дојчинов, македонски комунист.
- 14 април - Илија Џаџев, македонски поет.
- 21 април - Дургут Едиповски, македонски висок функционер и општественик.
- 6 мај - Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ.
- 4 септември - Димитар Стојанов - Мире, македонски државник.
- 24 септември - Дучо Кранго, македонски правник.
- 19 декември - Јордан Мијалков, македонски политичар.
Remove ads
Родени
- Александар Игњовски, македонски фудбалер.
- Јани Урдинов, македонски фудбалер.
- Михајло Свидерски, македонски писател.
- Надица Богевска, македонска пејачка.
- Александар Пандовски, македонски фудбалер.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads