Remove ads
американски џез-трубач и пејач (1901-1971) From Wikipedia, the free encyclopedia
Луис Армстронг[1] (англ. Louis Armstrong; 4 август 1901 — 6 јули 1971 ) со прекари: „Сачмо“, „Сач“ и „Попс“[2] — американски џез музичар. Иако прво се прославил свирејќи труба, кон крајот на кариерата станал познат како пејач и бил еден од највлијателните џез-музичари. Добил многу признанија, вклучувајќи ја и Греми наградата за најдобра машка вокална изведба за Hello, Dolly! во 1965 година, како и постхумната Греми награда за животно дело во 1972 година. Во 2017 година бил примен во Националната куќа на славните на ритам и блузот.[3]
Армстронг е роден на 4 август 1901 година во Њу Орлеанс, но неговиот датум на раѓање е предмет на расправа. Самиот Армстронг често тврдел дека е роден на 4 јули 1900 година.[4] [5] [6] Дошол до израз во 1920-тите како инвентивен свирач на труба и корнет, Армстронг имал значајно влијание во џезот, при што фокусот на музиката го префрлил од колективна импровизација на соло изведба.[7] Во 1922 година, тој на покана на неговиот ментор Џо „Кинг“ Оливер се преселил во Чикаго за да свири во неговиот бенд. Тој стекнал репутација на „натпревари за свирење“, а за неговата умешност во свирењето разбрал лидерот на бенд, Флечер Хендерсон. Армстронг се преселил во Њујорк, каде што станал истакнат и музички влијателен солист на бендот. Веќе во 1950-тите, тој бил национална музичка икона и редовно се појавувал на радио и телевизиски преноси и во филмови.
Негови најпознати песни се: „What a Wonderful World“, „La Vie en Rose“, „Hello, Dolly!", „On the Sunny Side of the Street", „Dream a Little Dream of Me", „When You're Smiling" and „When the Saints Go Marching In". Тој соработувал со Ела Фицџералд и заедно продуцирале три плочи: Ella and Louis (1956), Ella and Louis Again (1957), и Porgy and Bess (1959). Тој исто така глумел во филмови како: Рапсодија во црно и сино (1932), Кабина на небото (1943), Високо друштво (1956), Париски блуз (1961), Човек по име Адам (1966) и Здраво, Доли! (1969).
Во текот на својата кариера станал најголем џез музичар, неоспорен водач на популарната музика на 20. век и една од најголемите фигури во историјата на музиката.
Армстронг го сакале не само поради неговиот трубачки талент, неверојатно чистото и продорно свирење на труба и специфичното рапаво пеење, туку и поради човечката топлина и великодушност, како и поради симпатичната особеност на „големо дете“ кое му се радува на животот и живее за музиката.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.