From Wikipedia, the free encyclopedia
Лујџи Менегело (италијански: Luigi Meneghello), (16 февруари 1922 , Мало – 26 јуни 2007 , Тјене) — италијански современ писател и научник[1].
Лујџи Менегело Luigi Meneghello | |
---|---|
Роден/а | февруари 16, 1922 Мало, Италија |
Починат/а | јуни 26, 2007 85) Тјене, Италија | (возр.
Занимање | романописец, есеист, академик |
Националност | Италијанец |
Период | 1963 до 2004 |
Предмет | неодамнешната италијанска историја, италијанскиот отпор, учење |
Лујџи Менегело е роден во Мало, мал град во близина на Виченца, на 16 февруари 1922 година. Неговиот татко бил занаетчија, а неговата мајка била учителка. Сдудирал филозофија на Универзитетот во Падова. Во раните четириесетти години, тој ги имал првите контакти со антифашизмот, а подоцна станал член на движење на отпорот од 1943 година.
Во 1945 година дипломирал со тезата за филозофијата на Бенедето Кроче.
Во 1947 година се преселил во Редингски университет, Англија каде што предавал за италијанската ренесансна литература.
Во 1948 година се оженил со Катја Блеер, преживеана од Аушвиц.
Во 1963 година ја издал својата прва книга, со автобиографски карактер „ Ослободете нè од злото“ за малото но витално милје на неговиот роден град, Мало. Една година подоцна тој го објави романот „ Малите господари“ (буквално, „Малите учители“). Оваа книга се вбројува помеѓу „главните книги посветена на италијанскиот отпор“. Филмска верзија со истиот наслов била снимена и во режија на Даниеле Лучети во 1998 година[2].
Во 1980 година, Менегело се повлкол од Универзитетот и се посветил целосно на пишувањето. Жвеел во Лондон, а подоцна и во Тиена (во близина на Виченца), каде што се преселил трајно по смртта на неговата сопруга во 2004 година[3].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.