словенечки кошаркар From Wikipedia, the free encyclopedia
Лука Дончиќ (роден на 28 февруари 1999 година во Љубљана) — словенечки кошаркар. Игра на позициите на плејмејкер и бек, а моментално настапува за Далас Маверикс.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Бил најкорисен играч на јуниорскиот турнир на Евролигата во 2015 година. Со Реал досега по двапати ги освоил АЦБ лигата и Купот на Шпанија, а го освоил и Интерконтиненталниот куп во 2015 година. За сениорската репрезентација на Кошаркарска репрезентација на Словенија бил повикан на Европското првенство 2017 година и веднаш ја презел улогата на прв плејмејкер во екипата. Официјално висок е 2,01 м и тежок 99 кг.
Се смета за еден од најголемите млади таленти на европската кошарка и еден од најдобрите играчи во неговата генерација.
Основно училиште завршил во Љубљана. Кариерата ја почнал во младите категории на Унион Олимпија. Брзо го забележале скаутите од Реал Мадрид. Во септември 2012 година потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид.[1] Со јуниорите на Реал го освоил јуниорскиот турнир на Евролигата во 2015 година и бил прогласен за најкорисен играч.
За првиот тим на Реал дебитирал на 30 април 2015 година и така станал најмладиот дебитант во историјата на кралскиот клуб на возраст од само 16 години и два месеци.[2] Воедно станал третиот најмлад дебитант во историјата на првата шпанска АЦБ лига. ]].[3]
Во сезоната 2015/16, Реал го освоил шпанското првенство откако во финалето ја победиле Барселона. Оваа сезона, Дончиќ играл на 31 натпревар на шпанската лига, влегувал од клупата како резервен играч и во просек играл 14 минути, а остварувал 4,9 бода, 2,8 скокови и 2 асистенции по меч. После тоа забележан е како најмладиот победник во финале, имал само 17 години и 115 дена.[4]
Во текот на подготвителниот период пред почетокот на сезоната 2016/17 покажал голем напредок во играта. Така на пријателските мечеви во септември 2016 година првпат играл во почетната петорка и го покажал својот талент со многу добри настапи. Во тој период бил прв стрелец на тимот. .[5] После тоа добивал поголема минутажа, а со тоа и поголеми можности за докажување.
Во декември 2016 година првпат заблескал во Евролигата. Прво на домашен терен на натпреварот против Жалгирис постигнал 17 бода, од кои осум во одлучувачките последни минути на мечот и бил најзаслужен за победата во неизвесната завршница. .[6] Бил избран за најдобар играч на 13. коло на Евролигата. На натпреварот против германскиот Бамберг, остварил 16 бода, 6 скока, 5 асистенции и имал три украдени топки. Сето тоа со статистички индекс 25.[7] Со добрите игри продолжил во Истанбул против Анадолу Ефес, кога стигнал до индекс 31, остварувајќи 17 бода, 5 скока и 9 асистенции и повторно бил најдобар стрелец на мечот. .[8]
На 13 јануари 2017 година по вторпат бил најдобар играч на колото на Евролигата, а истовремено го достигнал и својот најголем индекс на статистичка ефикасност кој изнесувал 32.[9] Со тоа станал четвртиот словенечки кошаркар кој успеал тоа да го постигне. Покрај него овој резултат го постигнале Јака Лакович, Матјаж Смодиш и Еразем Лорбек.[10]
Исто така прогласен е за Ѕвезда во подем на Евролигата за сезоната 2016/2017, која им се доделува на најперспективните млади играчи на возраст до 22 години.[11]
Во февруари успешно настапил во Куп на Шпанија во кошаркаКупот на кралот кога Реал го освоил трофејот, а Дончиќ во финалето придонел во победата на својот тим со 9 бода.[12] Во април во четвртфиналето на Евролигата Реал играл против Дарушфака и двапати бил избран за најдобар играч на натпреварот. У априлу је у четвртфиналу Евролиге Реал играо против Дарушафаке и два пута узастопно је изабран за најбољег играча утакмице.[13] Реал се пласирал во фајнал фор на Евролигата во Истанбул и го зазел четвртото место.
За сениорската репрезентација на Словенија дебитирал на Европското првенство 2017.[14] Словенија се пласирала во полуфиналето на ова првенство со победа против Летонија, а нејзин најефикасен играч бил Дончиќ со 27 бода и 9 скока.[15] Во полуфиналето Словенците ја победиле Шпанија и ја освоиле првиот историски медал, а Дончиќ имал дабл-дабл остварување - 11 бода, 12 скока и 8 асистенции.[16]
Лука е син на некогашниот кошаркар Саша Дончиќ кој бил играч на многу словенечки клубови како и на Слога од Краљево. Семејството Дончиќ е од српско потекло од селото Бича во близина на Клина.[17][18] Лука од мал е навивач на Црвена ѕвезда од Белград.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.