Лидија Иваноска (29 јуни 1938 , Белград) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Лидија Иваноска | ||
Роден | 29 јуни 1938 Белград, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Познат | по улогите во: Големата вода Климент Охридски | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Трајче Иваноски |
Филмографија
Иваноска ги остварила следниве филмски улоги:
- 1979: „Наши години“
- 1986: „Климент Охридски“
- 1994: „Прекалени“
- 2001: „Прашина“
- 2004: „Големата вода“
Животопис
Лидија Иваноска е родена во Белград во 1938 година. Како ученик ја посетува Средната театарска школа во Нови Сад. Првиот професионален ангажман во Македонија го добива во Народен театар Штип во 1958 година. Своите по значајни актерски остварувања ги постигнува во Народен театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп, каде е вработена од 1959 до нејзиното пензионирање во 2002 година.
Како актерка ќе биде запамтена по улогите: Лаура ("Татко" од Стримберг"), Леа ("Лисица и грозје" од Фигирадо), Мајката ("Крвави свадби" од Лорка), Фатиме ("Солунски патрдии" од Миле Поповски) и други...
Таа е добитник на повеќе награди, меѓу кои: Наградата на Општина Прилеп - „3 Ноември“, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ и други.
Нејзин сопруг е глумецот Трајче Иваноски.
Надворешни врски
- Лидија Иваноска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.