Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.
Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 200 семејства, 11 неженети и 22 вдовици, сите христијани.[2]
Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, селото брои 440 жители, од кои 435 Македонци, 1 Србин и 4 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 696 жители, од кои 381 Македонец, 280 Албанци, 2 Роми, 1 Србин, 11 останати и 21 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Ѓоревци (4 к.), доселени се од селото Варвара. Го знаат следното родословие: Билбил (жив на 50г. во 1947 година) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил. Имаат иселеници во селото Слатино.
Качовци (4 к.) доселени се од соседното село Сетоле, го знаат следното родословие: Андро (жив во 1947 година) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот. Имаат иселеници во Лесковац (едно семејство).
Лалошој (11 к.) доселени се од селото Непроштено, таму биле староседелци, го знаат следното родословие: Мито (жив на 45г. во 1947 година) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил. Имаат иселеници во Скопје (шест семејства, во Ѓорче Петров), Тетово (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
Гркомановци (4 к.) доселени се од селото Рогачево, го знаат следното родословие: Томе (жив на 40г. во 1947 година) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци.
Карапанџовци (3 к.) доселени се од неко— село во Гостиварско. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (две семејства).
Китановци (1 к.) доселени се однекаде.
Чапунковци (3 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Пловдив (две семејства) и во Плевен (едно семејство).
Николовци (5 к.) доселени се од Варвара. Имаат иселеници во Пловдив (едно семејство).
Јоановци (2 к.) доселени се од селото Слатино, подалечно потекло од областа Сириниќ во Косово и Метохија.
Рошој (2 к.) доселени се од селото Слатино. Подалечно потекло од неко— село во Овче Поле.
Пејчиновци или Поповци (13 к.) доселени се од соседното село Отуње, таму се викале Цанцаловци. Право потекло имаат од селото Орашко Градиште во клисурата на Вардар. Имаат иселеници во Тетово (три семејства, богат род), Русе (едно семејство), Белград (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Франција (едно семејство).
Цинцаровци (6 к.) доселени се од селото Сетоле, го знаат следното родословие: Форче (жив на 50г. во 1947 година) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил.
Нешовци (1 к.) доселени се од селото Чучер, Скопско. Имаат иселеници во Варна (едно семејство).
Пашини (4 к.) родот го основал предок доселен од селото Подбреге.
Зако (1 к.) доселен како домазет од селото Палчишта.
Здраве (1 к.) доселен како домазет од селото Мушиково кај Средска.
Стојан (1 к.) доселен од селото Брезно во 1939 година.
Трпе (1 к.), Трпе е доселен како домазет од селото Теарце.
Стеван (1 к.), Стеван е доселен како домазет од селото Сетоле (таму припаѓал на родот Качовци)
Ѓоре (1 к.), Ѓоре е доселен како домазет од селото Варвара (таму припаѓал на родот Пржовци)
Сибиновци (4 к.) доселени се од селото Котлина кај Качаник, го знаат следното родословие: Ристо (жив на 40г. во 1947 година) Андро-Спасо-Сибин.
Коруновци (6 к.) доселени се од селото Варвара, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 45г. во 1947 година) Стојче-Милован-Корун. Имаат иселеници во Бугарија (три семејства).
Во селото постои избирачкото место бр. 2009 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Варвара.[15]
Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од XIV век, Св. Атанасиј од XX век, Св. Богородица од XIX век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од XX век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).
Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“