From Wikipedia, the free encyclopedia
Ла Томатина (шпански: La Tomatina) е фестивал кој се одржува во Буњол во Валенсија, во кој учесниците фрлаат домати и влегуваат во борба со домати од чисто забавни цели. Овој фестивал се одржува од 1945 година во последната среда во август. Настанот бил откажан во 2020 година поради Ковид-19 пандемијата во Шпанија.
Ла Томатина | |
---|---|
Ла Томатина во 2014 | |
Офиц. назив | La Tomatina |
Го празнува(ат) | Буњол, Валенсија, Шпанија |
Вид | културно |
Фестивалот Ла Томатина започнал последната среда од август во 1945 година, кога на градскиот плоштад се одржувала парадата на џиновите и големоглавите фигури. Големата глава на еден од учесниците паднала како резултат на веселбата. Учесникот се разбеснил и почнал да удира сè што ќе му се најдело на патот. Таму имало тезга со зеленчук и гневната толпа почнала да се гаѓа меѓу себе, додека полицијата не ја сопрела битката со зеленчук.
Следната година некои млади луѓе испланирале да инсценираат кавга и си понеле домати од дома. Иако полициските сили го сопреле и ова, годишната традиција започнала. Следните години, по примерот на младите момчиња илјадници луѓе го правеле истото.
Франциско Франко во раните 50-ти ја забранил Ла Томатина затоа што немала никакво религиозно значење, но сепак луѓето учествувале на фестивалот, иако биле апсени. Народот се побунил против забраната и фестивалот бил повторно дозволен, пред пак да биде укинат во 1957 година кога, во знак на протест, бил извршен погреб на домати. На тој настан жителите носеле ковчег во кој имало огромен домат. На парадата имало и музички бенд кој свирел погребни маршеви. Овој протест бил успешен, а фестивалот Ла Томатина конечно бил дозволен и станал официјален фестивал.[1]
По репортажата на Хавиер Базилио (репортер од шпанска телевизија) фестивалот се прочул низ цела Шпанија. Оттогаш, од година во година се зголемувал бројот на учесници. Во 2002 година, поради својата популарност Ла Томатина од Буњол била прогласена за свеченост од меѓународен туристички интерес од Секретаријатот за туризам во Шпанија.[2]
Настаните во 2020 и 2021 година биле откажани поради пандемијата од Ковид-19 во Шпанија, а во 2020 требало да се одбележи 75-годишнината од почетокот на одржување.[3] Претходно, бил откажан само еднаш (во 1957 година) од политички причини.[4]
Обично, тепачката трае околу еден час, по што градскиот плоштад е покриен со згмечени домати.[5] Потоа, противпожарните возила се поминуваат по улиците и со шмрк се обидуваат да ги измијат доматите од телата на учесниците. Некои учесници одат во базенот „Лос пењонес“ за да се измијат. Лимонската киселина која ја има во доматите придонесува за тоа измиените улици и плоштади во градот да светнат.[6][7]
Од 2013 година на фестивалот може да се учествува само со платени билети. Во 2015 година се проценува дека се фрлиле речиси 145,000 кг домати.[6]
Градскиот совет објавува кратка листа со инструкции за безбедноста на учесниците и фестивалот:[8]
Ла Томатина во Буњол инспирирало слични прослави и на други места:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.