Латифундија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Латифундии се големи обработливи земјишта со кои располагала римската аристократија.

За време на ширењето на Римското Царство офицерите и војниците се враќале со огромно богатство од новоосвоените територии. Тие со себе исто така носеле и голем број на луѓе во заробеништво коишто потоа ги претворале во робови кои ги обработувале обработливите површини. Бидејќи аристократијата не им плаќала ништо на робовите тие започнале да произведуваат и нудат поевтини производи од оние на селаните,па така селаните и занаетчиите осиромашувале и пропаѓале. Ова било неподносливо за селаните, па затоа тие се побуниле и барале да се воведе аграрна реформа со којашто нивните производи ќе може полесно да се откупат од трговците, а при тоа да бидат и поконкурентни.

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.