Куќа на цвеќето
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Куќата на цвеќето“ е местото каде е погребан поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Тито починал на 4 мај 1980 година, а „Куќата на цвеќето“ била отворена за посетители во 1982 година. За 20 години од отворањето на „Куќата на цвеќето“ па до 2002 година, според надлежните во Музејот на историјата на Југославија (некогашен Музеј на Револуцијата, во чии рамки се наоѓа и музејот „25 мај“), местото го посетиле 15.835.255 луѓе. „Куќата на цвеќето“ се наоѓа на Дедиње, во Белград, Србија.


„Куќата на цвеќето“ не може да се нарече мавзолеј во вистинска смисла на зборот бидејќи тоа е адаптирана стаклена градина. Како таква во официјалните говори во осумдесеттите произвела низа еуфемизми кои се користеле наместо несаканиот збор - „гроб“.
Надворешни врски
- „Куќата на цвеќето“ ја посетиле околу 20.000 луѓе во 2004-та Архивирано на 27 септември 2007 г.
Галерија
- Влезот во Куќта на цвеќето
- Влезот во Куќта на цвеќето
- Внатрешноста на Куќта на цвеќето
- Титовиот гроб
- Јованкиниот гроб
- Изложбениот простор
- Изложбениот простор
- Титова маршалска униформа
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.