куќа во Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќа на Паунови — стара куќа во градот Велес, Македонија. Куќата била изградена во староградски стил во 1868 година, додека во 2019 година била опфатена од пожар и целосно срушена[1].
Куќа на Паунови | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | преродбенички |
Адреса | ул. „Јован Алабакот“ бр. 10 |
Град | Велес |
Земја | Македонија |
Завршена | 1868 |
Урната | 2019 |
Објектот е прогласен за културно наследство на Македонија[2][3]
Куќата на Паунови се наоѓа во велешкото маало Прцорек, на улица ул. „Јован Наумов - Алабакот“ бр. 10. Изградена е во 1868 година, во месноста Варналиите заедно со соседните Куќа на Тренчови, Куќа на Чокалови и Куќа на Прнарови.
Во овој комплекс од куќи биле снимени сцени од филмот „Мис Стон“ а се појавуваат и на македонската туристичка кампања „Македонија Вечна“ во режија на Милчо Манчевски.
На 20 декември 2019 година во куќата избувнало пожар, по кое куќата била целосно опожарена и срушена. Од пожарот починал и сопственикот на куќата Миле Паунов. Од пожарот била оштетена и соседната куќа на Маневи, која исто така била срушена[1]. Веднаш по пожарот, Управата за заштита на културното наследство му наложила на одделот на Конзерваторскиот центар надлежен за Велес да ги сними објектите и да направи проект за реконструкција на изгорените куќи на Паунови и Маневи[4].
Основата на куќата била правилна и се развивала на три нивоа. Куќата била пространа, составена од приземје и два ката. На неа доминирале чардакот и прозорците. Особено бил впечатлив ентериерот во кој доминирале детали од традиционалниот староградски стил.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.