Курски Залив
лагуна крај Балтичкото Море From Wikipedia, the free encyclopedia
лагуна крај Балтичкото Море From Wikipedia, the free encyclopedia
Курски Залив (руски: Куршский залив, литвански: Kuršių marios, полски: Zalew Kuroński, германски: Kurisches Haff, латвиски: Kuršu joma) — слатководна лагуна одделена од Балтичкото Море со Курскиот Провлак. Зафаќа површина од 1.619 км2.[1] Околу 90 % од дотекот на вода доаѓа од реката Неман.[2]
Во XIII век подрачјето околу лагуната било дел од земјата на староседелските Курши и Пруси. Подоцна се тоа граничело со историската област Мала Литванија. На северниот крај на провлакот има отвор кон Балтичкото Море, и на ова место Тевтонските витези во 1252 г. го основале своето упориште Мемелбург и градот Мемел, наречен Клајпеда во меѓувоениот и повоениот период кога оваа област ѝ е одземена на Германија и доделена на Литванската ССР.
Новата меѓувоена државна граница одела по реката која се влева во заливот кај Русне (Ruß). Долните 120 км од течението во Германија се нарекувале Мемел, а горниот дел во Литванија е Неман, на соодветниот јазик. Границата го двоела и полуостровот близу малото одморалишно место Нида (Nidden); јужниот дел на Курскиот Провлак и заливот останале во Германија сè до 1945 г.
Оваа граница денес е граница помеѓу Русија и Литванија, бидејќи германскиот дел јужно од реката (тогаш во Источна Прусија) со градот Кенигсберг станал ексклавата на Русија наречена Калининградска Област.
Денес Курсениеките се речиси изумрен балтички народ кој живее долж Курскиот Провлак, но во 1649 г. нивните населби се протегале од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск). Со време тие се асимилирале со Германците, освен на Курскиот Провлак, каде и денес имаат скромно присуство. Сè до осамостојувањето на Латвија по Првата светска војна, Курсениеките биле сметани за Латвијци поради јазичната сличнсст. По оваа основа Латвијците полагале право на Курскиот Провлак, Мемел и други територии во Источна Прусија, но подоцна се откажале од тој пристап.
Курскиот Залив настанал околу 7.000 години п.н.е. и претставува слатководна лагуна.[3] Просечната длабочина изнесува 3,8 м.[4] Се одликува со голем степен на биоразновидност, иако страда од загадување на водата.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.