From Wikipedia, the free encyclopedia
Крсто Хегедушиќ (26 ноември 1901 , Петриња - 7 април 1975 , Загреб) — хрватски наивен сликар[1]. Toj е еден од најзначајните хрватски сликари од дваесеттиот век припадник на светски познатата школа на наивците.
Крсто Хегедушиќ | ||
Роден | 26 ноември 1901
Петриња, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 7 април 1975
Загреб, СФР Југославија | |
Националност | Хрват | |
Занимање | сликар |
Во 1920 година учел на Привремената Висока школа за уметности и занаети (денешна Академија за ликовни уметности) во Загреб . Во овој период ја насликал првата „идола“ за Подравина. Учел кај Владимир Бечиќ и графички курс кај Томислав Кризман. Неговото учење го збогатило неговото знаење, но не влијаело врз неговиот уметнички стил[2].
Пред Втора светска војната, престојувал во Париз, каде што се инспирира од сликарството на германскиот ренесансен сликар Питер Бројгел.
Во 1929 година ја основа легендарната група „Земја“ заедно со сликарите: Табаковиќ, Постружник, Јунек.Првите дела на оваа група а особено на Хегедушиќ во принцип го отфрлаат концептот - уметност поради уметност. Нивното ликовно кредо ќе го забележи Мирослав Крлежа, пишувајчи предговори за каталозите од нивните изложби.
По војната, Хегегушиќ беше назначен за редовен професор на Академијата за ликовни уметности, а во 1950 година ја доби титулата сликарски мајстор и стана шеф на мастер работилница[3].
Од 1971 до 1973 година работел на големиот циклус на мурали во спомен-домот во Тјентиште. Сцените биле полни со трагични и тешки мотиви. Со ова докажал дека не е само сликар на идилични „рустични“ подравски сцени туку и дека е автор којшто изразува бунт против злото.
Во неговата родна Петриња, од 1987 година, постои галерија наречена во ннегова чест.
Крсто Хегедушиќ изградил специфичен стил. Покрај што се потпирал на ренесансното сликарство, особено на жанр сцените, тој се надоврзува и на сликарството на „алтернативните“ сликари како што бил Анри Русо - Цариникот. Сликал со маслени бои на стакло - со што добивал сјај и интензитет на бојата. Неговата поетика е своевидно враќање кон природата и хармонија помеѓу човечкото опстојување со природата и во природата[4]. Тој е основачот, инспираторот и темелот на идната хрватска школа на наивното сликарство кое ќе доживее светска слава и кое ќе биде забележано во бројни публикации во светската литература за ликовната уметност[5].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.