From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралскиот златен медал (англ. Royal Gold Medal) е награда за архитектура што секоја година ја доделува Кралскиот институт на британските архитекти во име на британскиот монарх за значајни придонеси во архитектурата на меѓународната сцена.
Наградата за првпат е доделена во 1848 г. на Чарлс Роберт Кокерел, а меѓу лауреатите спаѓаат некои од најзначајните архитекти на XIX и XX век, вклучувајќи ги Гајлс Гилберт Скот (1925), Френк Лојд Рајт (1941) и Ле Корбизје (1953). Освен архитекти, наградата ја имаат добиено и двајца инженери: Ове Аруп (1966) и Питер Рајс (1992). Во 1999 г. медалот е доделен на градот Барселона (Шпанија).
Медалот се доделува врз основа на целокупниот опус на архитектот наместо за поединечни дела.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.