Кочо Рацин (издавачка куќа)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Кочо Рацин“ — македонска издавачка куќа со седиште во Скопје.
Историја
Издавачката куќа „Кочо Рацин“ била основана во 1951 година, како Државно книгоиздателство за уметничка литература „Кочо Рацин“, а во 1967 год. била преименувана во Македонска книга. Основач и прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“ бил поетот Ацо Шопов. Исто така, во оваа куќа работеле и повеќе други истакнати македонски писатели, како: Славко Јаневски (како главен уредник); Мето Јовановски,[1] [2]Бранко Пендовски и Јован Бошковски (како уредници); додека Коста Бојаџиевски бил технички уредник.[3][4][5]
Изданија
1950-ти
- Едуард Баргицки, Песна за Апанаса (1951)
- Отон Жупанчич, Цицибан (1951)
- Славко Јаневски, Лирика (1951)[6]
- Вјенцеслав Новак, Ненаситност и сиромаштија (расказ) (1951)
- Ацо Шопов, Стихови на маката и радоста (1952)
- Славко Јаневски, Село зад седумте јасени (1952)
- Ѓорѓи Абаџиев, Последна средба (1953)
- Блаже Конески, Песни (1953)
- Иван Крилов, Басни (1953, повторни изданија: 1956 и 1963)
- Славко Јаневски, Кловнови и луѓе (1954)
- Јован Јовановиќ - Змај, Песни (1954, повторни изданија: 1959 и 1967)
- Густав Крклец, Телеграфски басни (1954)
- Ацо Шопов, Слеј се со тишината (1955)e-kniga Архивирано на 30 октомври 2012 г.
- Блаже Конески, Лозје (1955)
- Стендал, Црвено и црно: Хроника од XIX век - I дел (1955)[7]
- Стендал, Црвено и црно: Хроника од XIX век - II дел (1955)[8]
- Фјодор Достоевски, Записи од мртвиот дом (1955)[9]
- Славко Јаневски, Две Марии (1956)
- Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време (1957)
- Славко Јаневски, Леб и камен (1957)
- Едмон Ростан, Сирано де Бержерак (1957)
- Јохан Волфганг Гете, Страданијата на младиот Вертер (1957)[10]
- Славко Јаневски, Месечар (1958)
- Коле Неделковски, Стихови (1958)[11]
- Никола Јонков Вапцаров, Песни (1958)
- Пјер Корнеј, Сид (1958)
- Марин Држиќ, Шега со Станец (Новела од Станца) (1959)
- Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба (1959)
- Славко Јаневски, Марсовци и глувци (1959)
1960-ти
- А. С. Пушкин, Дубровски (1960)
- Вилијам Шекспир, Хамлет принцот дански (1960)
- Григор Прличев, Скендербег (1961)
- Симон Дракул, Белата Долина (1962)
- Славко Јаневски, Горчливи легенди (1962)
- Славко Јаневски, Сиромавиот црн Џо (1962)
- Славко Јаневски, Кирил Ќамилов и Мето Јовановски, Темни кажувања (1962)
- Херман Кестен, Децата на Герника (1962)
- Џон Голсворди, Јаболкница (1963)[12]
- Блаже Конески, Песни (1963)[13]
- Мирослав Крлежа, Избор (препев Ацо Шопов и Тодор Димитровски) (1963)
- Кочо Рацин, Бели мугри (1963)
- Ацо Шопов, Небиднина (1963)
- Ацо Шопов, Песни (1963)
- Ѓорѓи Абаџиев, Избор (1964)
- Славко Јаневски, И бол и бес (1964)
- Вилијам Шекспир, Ромео и Џулиета. Хамлет. Отело (1964)
- Григор Витез, Морето и боите (1965)
- Јован Јовановиќ-Змај, Избор (1965)
- Изет Сарајлиќ, Поезија (1965)
- Роберт Луис Стивенсон, Црната стрела (1965)[14]
- Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо (1966)
- Л.Н. Толстој, Детство (1966)
Библиотека „Атлас“
- Молиер, Тартиф (1966)
- Јанко Керсник, Јара господа (1966)
- Сима Матавуљ, Бакоња Фра-Брне (1966)
- Крстју Белев, Планино, Пирин планино (1966)
- Оноре де Балзак, Евгенија Гранде (1966)
- А. С. Пушкин, Капетановата ќерка (1966)[15]
- Лав Толстој, Хаџи Мурат (1966)
- Вилијам Шекспир, Хамлет (1966)
- Аристофан, Облаци — Плавт, Скржавецот (1966)
- Ерих Марија Ремарк, На запад ништо ново (1966)
- Борисав Станковиќ, Нечиста крв (1966)
- Добрица Ќосиќ, Далеку е сонцето (1966)
- Блаже Конески, Лозје (1966)
- Иво Андриќ, Раскази (1966)
- Михаило Лалиќ, Свадба (1966)
- Симон Дракул, Туѓоземјанин (1966)
- Ерих Кош, Големиот Мак (1966)
- Иван Тургенев, Спроти новите дни (1966)
- Максим Горки, Моите универзитети (1966)
- Ранко Маринковиќ, Раце (1966)
Навод,
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.