Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 - Шабац, 20 јануари 1898) бил македонски пролетерски поет,[1][2][3][4][5] по убедување социјалист. Автор е на само една посмртно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.
Коста Абраш | |
---|---|
Портрет на Коста Абраш | |
Роден/а | 29 мај 1879 Охрид, Османлиско Царство |
Починат/а | 20 јануари 1898 18) Шабац, Кралство Србија | (возр.
Абрашевиќ книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.
Животопис
Абрашевиќ е роден во трговско семејство во Охрид. Своето школување го започнува во Охрид и завршил три одделенија во основното грчко училиште. Со преселувањето на неговото семејство во Шабац во 1888 година, тој своето обрзование го продолжува таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски, кој ги потпишувал со презимето Абрашевиќ. Во тој период објавил и книга песни со наслов „Стихозбирка“.[5] Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот. Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.
Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“. Една од најстарите печатници во слободна Македонија, сместена во неговиот роден град Охрид, го носи токму неговото име.[6]
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.