From Wikipedia, the free encyclopedia
Косовци се жителите на Косово, било да се работи за поранешната српска покраина Косово и Метохија, или денешната независна Република Косово. Србите на Косово се нарекуваат косовски Срби, Албанците - косовски Албанци. За првпат името почнува да се употребува во 1942 година. Има две значења — географско и историско. Под географското се подразбираат сите жители на областа (без Србите од Рашка) како жители на Косово, чијашто етимологија произлегува од српското кос. Под историското или поточно историско-етничкото значење Косовари се подразбираат Албанците коишто претендираат да се наследници на илирското племе Дардани. После Балканските војни со следната српска инвазија во областа, многу од албанските водачи бегаат во Албанија, каде што формираат парламентарна група на Косоварите.
Во текот на 17 век, албанското население во областа, посебно сконцентрирано во Метохија, расте. Во 19 век, пак, во Косово, како и во останатиот дел на Балканскиот Полуостров, се буди етничкиот национализам. Во Косово станува збор за албански етнички национализам, којшто вклучува романтични претстави за древна Илирија.
За време на управувањето на Слободан Милошевиќ во 1998 година, е започнато етничко чистење врз нив, поради кое НАТО ја напаѓа Србија, ја одделува областа од Србија и Црна Гора и ја поставува под свој протекторат.
Косовски Срби се жители коишто живеат на територијата на Косово и Метохија. За време на војната во Косово во 1998/99, голем број од ова население се иселува на север во Србија. Денес, нивниот број не достигнува ни 100.000.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.